PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Verve: Легендарното списание од уметниците за уметноста

popup by popup
декември 13, 2019
in Уметност
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Не се многубројни списанијата кои успеале да ја доловат естетиката на своето време, како што тоа му успеало на списанието Верв (Verve) од првата половина на минатиот век. Последната ретроспектива на култното париско списание се случила во 1988 година во уредништво на Мишел Антониоз, и оттогаш паднало во сенка. Барем во поголемиот дел од XX век, списанијата играле многу значајна улога во култивирањето на интересот на јавноста за уметниците кои твореле во тој период.

Матис, 1958

Ова не треба да значи дека и во денешните списанија не може да се најде одлична уметност, туку едноставно дека улогата на уметноста во списанијата и магазините со голема видливост или нејзината концентрација во само една публикација, е благо речено, многу намалена. Оттаму е намалено и значењето на списанијата како столбови на културата.

Цел број посветен на Пикасо

Во врска со Верв, често се спомнува цитатот од New York Times, од Џон Расел во 1988 година, кој вели:
„Пред педесеттина години во Париз, главно списание беше Верв, што за првпат се појави во декември 1937 година и излегуваше сè до 1960 година. Првата насловна страна (од Анри Матис) пееше од другата страна на улица и нè тераше да трчаме кон него за да ја погледнеме од што поблиску.“

Жорж Брак, 1938

Верв било списание од уметниците за уметноста. Како и неговите сестрински изданија Derrier Le Miroir и Xxe Siecle, е запаметен како париски уметнички весник што првенствено сакал да ѝ ги претстави новите модернистички и надреалистички сликари на пошироката публика. За време на неговото издавање, Верв заземал многу авангардна позиција во споредба со неговите современици, посебно концентрирајќи се на делата на надреалистите и авангардните уметници.

Марк Шагал, 1938

Бил издаден само во 38 броја бидејќи барал висок ангажман околу дизајнирањето и едитирањето за секој број. Секоја едиција содржела уникатни литографски принтови.
Верв е основан по идејата на неговиот уредник Стратис Елефтериадес, Грк кој се преселил во Париз во раните триесетти години на минатиот век и станал дел од модернистичкото движење, пишувајќи под името Teriade, под кое и го издавал весникот.

Teriade веќе имал големо искуство во уметничкиот свет во времето кога го формирал Верв, работејќи на надреалистичкиот весник Минотаур, како писател и уредник. Кога пропаднал Минотаур, Teriade не се разочарал, туку напротив, се консолидирал за да создаде уште поголемо и пораскошно списание – Верв.

Иако Верв бил објавен за последен пат во 1960 година, Teriade продолжил да делува во уметничкиот свет, сè до неговата смрт во 1983, во Париз. Заедно со Maeght, St. Lazarus и Vollard, тој се смета за една од најголемите фигури на модернизмот кои не биле уметници.
 
Драган А.

Previous Post

Стефан Младеновски: Творам отсекогаш, само сега ми е појасно што правам

Next Post

Свечено одбележување на 25-годишнината од премиерата на „Пред дождот“

Next Post

Свечено одбележување на 25-годишнината од премиерата на „Пред дождот“

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum