PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Вечерва славиме 4 години од „Култура Бета“!

Со претставување на романот „Ронлива“ и разговор со авторката Милена Сиљаноска, 9. Поетска епизода и свирка на „Кенопсија“, младинското здружение за култура „Култура Бета“ го прославува својот 4. роденден.

PopUp by PopUp
февруари 16, 2024
in Уметност, Настани
0
Вечерва славиме 4 години од „Култура Бета“!
400
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Настанот започнува во 18:30 во кафе-книжарницата „Буква“. Првиот дел од настанот, кој започнува во 18:30, е претставувањето на романот „Ронлива“, во 20:00 започува Поетската епизода, а во 22:00 часот ќе започне свирката на „Кенопсија“. Во текот на целата вечер во „Буква“ ќе биде поставен и штанд на младинската креативна платформа „Спознавање“ каде што ќе може да се купат нивните списанија.

Романот „Ронлива“ е првиот дебитантски роман на младата авторка поетеса и писателка Милена Сиљаноска. „Ронлива“ е поетски роман, роман за книжевноста, испреплетен со многу музика и со многу љубов. Во рамки на преставувањето на „Ронлива“ ќе може да се проследи разговор со авторката Милена Сиљаноска придружен со осврт за романот, а потоа авторката ќе потпишува примероци од него. Настанот ќе го модерира Андреј Медиќ Лазаревски.

9. Поетска епизода е посветена на ангажираната поезија под мотото „Нешто е гнило (во државата данска?). На ова поетско читање ќе настапат 7 поетеси и поети: Виолета Танчева-Златева, Љубица Петровска, Ива Петреска, Благица Трајкоска, Ангела Бошкоска и младите поети Андреј Медиќ Лазаревски и Марија Велинова кои и ќе го модерираат настанот.

„Кеноспија“ е новиот проект на младиот музичар Виктор Стојчевски чиј прв албум излезе минатата година. По промоцијата на романот во октомври во кафе-книжарницата „Буква“, а во соработка со „Култура Бета“, овојпат „Кенопсија“ гостуваат со акустична свирка во дуо формат со Виктор Стојчевски и Мартин Џорлев.

„Спознавање“ е младинска креативна платформа од Битола која до сега има издадено три броја од своето списание „Спознавање“ главно фокусирана на музика. Меѓу кориците можете да најдете интервјуа со локални музичари и бендови – во најновиот број може да ги прочитате разговорите со Funk Shui, КЕМ, Паркети, Жива, Свемирко и Искра; како и разговори со независната театарска група „Артопија“, музичката продукција „Пасворд“ и младиот фотограф Никола Јовановиќ. Во рамки на списанието може да се прочитаат и неколку колумни, како и преставување на неколку локални уметници.

Со овој настан „Култура Бета“ ја прославува својата работа изминативе 4 години и со ова се отвора уште една, ново, петта по ред, година во која здружението планира уште повеќе настани, соработки со локалната и младинска културна сцена, креирање содржини, објавување свои изданија и поткасти. Повеќе за работата на „Култура Бета“ може да најде на kulturabeta.com

Previous Post

„Дали ова е живо?“ нов албум и музички филм на Вагина Корпорација

Next Post

Концерт на легендарниот српски рапер Марчело во МКЦ

Next Post
Концерт на легендарниот српски рапер Марчело во МКЦ

Концерт на легендарниот српски рапер Марчело во МКЦ

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum