Александар Ордев и Максимилијан Сарајлија припаѓаат на две различни генерации ‘направи сам’ истражувачи на звукот, обединети преку заедничката страст за магичниот и непредвидлив свет на модуларната електроника и новите интелигентни алатки. Создаваат возбудлива музика за танц со 120 отчукувања во минута и spoken word од ефемерните интернет архиви.
Се работи за нов проект на македонската електронска музичка сцена. Ордев и Сарајлија минатиот месец дебитираа во Солун. Време е за скопска премиера.