Vatra е водечкиот српски хипхоп диџеј состав. Познати се по своите големи забави на различни локации во Белград и пошироко. Повеќе од осум години активно работат на ширење на културата преку организирање на настани и соработки со сите актуелни артисти од регионот. Најголем успех е нивниот настап на Main Stage на Exit Festival во 2016 година, а во 2018 настапија на Love Fest, No Sleep Festival, Belgreat Festival, како и на Final Four натпреварите на кошаркарската Евролига.

Тие во Скопје доаѓаат во супер форма, еден месец по нивниот осми роденден во распродадениот белградски клуб Drugstore каде им гостуваа Fox, Elon и Klinac. Не ги пропуштајте Vatra во Епицентар на 1 април!

(Фотографиите се преземени од Фејсбук фан-страницата на Vatra)

