По четврти пат, нивна платформа за творење беше Limited Edition лименката, а предизвикот да го остават својот креативен печат на неа, полека се претвори во вистинска привилегија и посебен настан во уметничкиот свет. Оваа година дизајните за лименките го изработија нашите познати уметници Елена Чемерска, Никола Радуловиќ, Руки Чуки и Ване Костуранов.

Споделувајќи ги со нас своите импресии од креативниот процес при работата на лименките, уметницата Елена Чемерска вели:
„Бев возбудена да видам како и други уметници приоѓале на ова прашање , и тоа ми послужи како одлична појдовна точка од која можам да преземам некоја атмосфера или оние нејзини елементи кои најмногу комуницираат со мене. Понатаму го терав процесот со игривост и хумор, сакајќи да одговорам на овие дргоцени квалитети кои мислам дека се навистина важни за визуелниот пристап кој Златен Даб го негува со години.“

За Никола Радуловиќ, оваа иницијатива е убав начин да се рефлектира современата светска пивска култура, во која исто така илустрацијата е доминантна при брендирањето. Запрашан за пораката што ја упатува со својот дизајн на лименката, тој ќе рече:
„Задоволство и игривост, благосостојба и умор, престиж и недостапност.“

Вчера (15 мај) се одржа и посебен настан на кој беа промовирани редизајнираните лименки. Промоцијата беше збогатена со музиката на диџеите Shorty P и Irie Scratch, а посетителите како подарок можеа да добијат пакување со најновите уметничките лименки „Златен Даб“. Инаку, новитет за оваа година се и дизајнираните етикети на шишињата од 0,33 l кои ќе бидат достапни во кафулиња и ресторани. Сите дизајни на Limited Edition лименката на „Златен Даб“ се одлично прифатени во јавноста, како успешна комуникација меѓу еден етаблиран бренд и уметничката заедница во земјава.





