Проектот ECHO CURVE се реализира преку соработка на три организации – Здружението на уметници „EXP Projekat“ (Нови Сад, Србија), Здружението за современа уметност и кураторски практики „Проектен простор Прес ту егзит“ (Скопје, Северна Македонија) и Автономниот културен центар „Attack“ (Загреб, Хрватска). Проектот е поддржан од швајцарската влада, во рамки на проектот „Култура за демократија“, кој го спроведува Фондацијата „Heartefact“. Кои се начините на кои младите уметници пренесуваат порака преку нивната уметност? Како комуницираат, мег усебно, но и со публиката? Како ги користат повратните информации за понатамошно обликување на нивната уметничка практика? Ги покануваме младите регионални уметници, во рамки на овој проект, да ги истражуваат и да отворат дискусија за потенцијалот на уметничката практика како релевантен начин на комуникација во современото општество.
Проектните активности ќе се одвиваат од мај до ноември 2024 година, и вклучуваат онлајн состаноци со ментор, куратори, како и две посети на Загреб и Скопје. Во текот на овие активности, а низ соработка со останатите учесници вклучени во проектот, младите уметници концептуално к е ги развиваат своите идеи за завршната изложба во Нови Сад. Притоа, патните трошоци, трошоците за сместување и хонорари за учесниците ќе бидат покриени од страна на организаторите на проектот. Охрабруваме апликации кои вклучуваат истражувачки пристап во уметничкиот процес, проекти кои вклучувааат нови медиуми, експеримент, аудио-визуелни дела, инсталации, перформанси и слични форми. Делата кои вклучуваат транспорт би требало да бидат лесно преносливи до Нови Сад, каде што к е се одржи финалната изложбата во рамки на проектот.
Здружението на граг ани „Проектен простор Прес ту егзит“ е основано во 2004 година од страна на уметниците Јане Чаловски и Христина Иваноска како посебна програмски базирана уметничка иницијатива за истражување и продукција во полето на визуелните уметности и кураторските практики. Taa придонесува кон инклузивност на современата уметност и кураторски практики во општеството преку развој на алтернативни модели на едукација, нова продукција, изложби, ангажирање на културните работници и публиката, и зајакнување на капацитетите за критички дијалог и културна размена.
Проектот „Култура за демократија“ ја поддржува независната културна сцена во Србија преку поттикнување на критичко и креативно размислување за општествени прашања релевантни за локалните заедници преку култура и уметност. Проектот CFD поттикнува соработка мег у засегнатите страни во независната културна сцена, и создава простор за промовирање плуралистички вредности и мег укултурен дијалог во Србија. Целокупниот проект кој трае од октомври 2021 до февруари 2025 година, е поддржан од швајцарската влада и имплементиран од Фондацијата „Heartefact“.
Апликациите можат да се испратат на овој линк.