PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Учество на Киро Урдин на XIII-oт Интернационален поетски фестивал во Букурешт, Романија

PopUp by PopUp
септември 4, 2023
in Уметност
0
Учество на Киро Урдин  на XIII-oт Интернационален поетски фестивал во Букурешт, Романија
400
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Во периодот од 11-17 септември, во романскиот главен град Букурешт, ќе се одржи XIII- тото издание на Интернационалниот поетски фестивал, на кое е поканет и нашиот еминентен мултимедиа уметник, Киро Урдин. Инаку, овој фестивал кој од година во година со својот растеж стана еден од најзначајните во својата фела не само во Романија, туку и еден од најпосетитените во Европа, оваа година покани 158 поети од 26 земји од четири континенти (Северна Македонија, Австрија, Боливија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Канада, Хрватска, Куба, Данска, Естонија, Франција, Германија, Грција, Италија, Мароко, Црна Гора, Перу, Полска, Португали ја, Молдавија, Шпанија, Турција, Холандија, Уругвај и Романија).

За времетраењето на Фестивалот ќе се одржат 50 настани од различни културни сегменти и формати (средби со поети, преведувачи и издавачи, поетски читања, тркалезни маси, трибини, театарски и филмски претстави, изложби итн.), на вкупно 14 познати културни простори во Букурешт. Нашиот мултимедиа уметник Киро Урдин, на фестивалот ќе се претстави со поетско читање на една од најзначајните негови творби, поемата „Стаорци” (13 септември), истиот ден во градината на седиштето на Националниот Музеј на Романската Литература, организаторот на Фестивалот, посетителите ќе имаат можност да проследат три документарни филмови, „Роман во стихови (Кон поезијата на Киро Урдин) ” (сценарио Јане Теохаревски), „Табула Раса” (последниот негов документарец) и „Taнцот Планетариум”. Претходниот ден (12 септември) ќе биде отварањето на неговите изложби на слики (верзија на последниот негов циклус „Табула Раса „ претставен минатиот месец во Романскиот парламент) и, изложба со микс од неговите книги со афоризми. Последното претставување на Урдин ќе биде во аулата на Централната универзитетска библиотека во Букурешт, каде гледачите ќе имаат прилика да ги видат неговите документарци, наградените „Планетариум” и „ Догона ”, како и „Живот и смрт”, сите со негов режисерски потпис.

Previous Post

Фестивалот за современи уметности „АКТО“ продолжува во септември!

Next Post

Запознајте се со „Шатакуа“ на нивниот мултимедијален настан кој е сплет од аналогна фотографија, видео движења, објекти и музика

Next Post
Запознајте се со „Шатакуа“ на нивниот мултимедијален настан кој е сплет од аналогна фотографија, видео движења, објекти и музика

Запознајте се со „Шатакуа“ на нивниот мултимедијален настан кој е сплет од аналогна фотографија, видео движења, објекти и музика

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum