PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

TRICKY WOMEN: Анимирани филмови создадени од жени

popup by popup
март 4, 2020
in Филм
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Фестивалот секоја година се одржува околу Меѓународниот ден на жената, во Виена, овој пат од 11 до 15 март. Со дваесет години зад себе, Tricky Women ја потврдува моќта на анимацијата како уметнички израз. Препознавајќи го нејзиниот потенцијал и развој на уметничко ниво, нејзината сè поголема присутност и популарност во маркетингот, телевизијата и интернетот, овој фестивал им даде глас на жените и моќна алатка во борбата со патријархатот.

Првичната цел да создаде меѓународна мрежа од признати филмски експерти жени веќе е остварена, останува мисијата континуирано да ја конфронтира публиката со проблемите и со стварноста во која живее. Филмовите од кои некои се прикажуваат премиерно, а некои се веќе наградувани, доаѓаат од целиот свет и инспирираат со својата храброст во темите и присуство на хумор во пристапот на проблемите.

Тие се занимаваат со револуционерни жени од светската историја, со актуелни политички проблеми, влијанието на дигитализацијата, живеењето во патријархално општество, отуѓеноста и со незадоволството од секојдневниот живот.

Во натпреварувачкиот дел покрај главната програма, постои и програма каде што се натпреваруваат нови филмски имиња и студенти. Земја во фокус оваа година е Франција, од каде што премиерно доаѓа анимираниот филм „The Swallows of Kabul“ од режисерките Zabou Breitman и Eléa Gobbé-Mévellec.

Поглед во креативната работа на уметниците, разговори со нив и споделување практично знаење, дополнително ѝ е овозможено на публиката преку изложби, предавања, дискусии и работилници, само за жени!

Tricky Women е активен и посветен на жените во текот на целата година. Поврзан е со сите институции што ги засегаат жените и нивните права локално, а меѓународно соработува со секаков тип настани, проекции и фестивали на анимирани филмови и има своја курирана програма, со која патува и ја прикажува на други фестивали.

Aнна

Previous Post

„Мистеријата зад женскиот поглед“ – изложба на Ерина Богоева

Next Post

City Agenda: Распоред на настани (5.3 – 12.3.’20)

Next Post

City Agenda: Распоред на настани (5.3 – 12.3.’20)

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum