Има одлично кафе, а од 21 март минатата година, е и собиралиште за фановите на друштвени игри. Го држат Дардан и Борис и најверојатно е единственото board game cafè во градот и државата.
„Досега имаме супер одѕив, а организираме и тематски вечери кои не се поврзани со игрите, како и турнирски денови во кои се игра одредена игра. За време на тие денови SAMO e пребукирано, па сфативме дека ни треба многу поголем простор за да ги собереме сите заинтересирани гејмери. Планираме да има турнири, но го чекаме вистинскиот момент да направиме некаква лига на неделна шема, со добро организирани настани.“
Board games е светски тренд, а посетителите на SAMO се генерално млади луѓе, на кои отпрво им било чудно впуштањето во ваков вид забава на вакво место, но сега им е редовно свратилиште, задоволство и шанса за супер дружење. Мисијата на SAMO e да изгради фандом на друштвени игри во градот.
„Популарно е да си гејмер, трендот со nerd-овите е веќе минато. Nerd-културата станува мејнстрим, така што и кај нас се случува истото.“ – вели Борис.
Имаат навистина голема и солидна колекција на игри, а за нас ги издвоија петте најпопуларни и најиграни игри во моментов:
Jenga е брза, едноставна и заразна игра во која играчите вешто треба да ја надградуваат кулата додека некому не му се сруши. Кршењето на кулата е како рингтон во SAMO.
Cards Against Humanity ги открива најлудите мисли на секој од играчите додека создава забавна и опуштена атмосфера. Супер е за големи друштва.
Azul е најновиот феномен во апстрактните игри, игра која ќе ги заскокотка умовите и на најбистрите стратези. Едноставните правила водат кон одлична тактика и натпреварувачки дуx.
Ticket to Ride го заслужува епитетот „модерна класика“ како 15-годишна игра која сè уште го издржува тестот на времето и сè уште е актуелна во сите борд-гејм кругови. Редењето вовчиња никогаш не е надвор од мода.
Dixit ги носи игрите со асоцијации на друго ниво, во кое социјалните вештини на играчите доаѓаат до израз, а едноставните правила овозможуваат брзо и квалитетно искуство за големи друштва.