PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Стефанија од „5 до 12“: Рачните изработки се одмор и исклучување од светот

popup by popup
август 22, 2019
in Universes
0
403
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Стефанија е една од оние личности што пленат со својата оригиналност и независност на прв муабет! Линк до нејзиниот Инстаграм профил – овде 🙂

Мојот интерес за рачните изработки се појави кога…

Oтсекогаш ме интересирала уметноста. Мајка ми црта на стакло и јас, гледајќи ја, уште од мала почнав да цртам. Минатата година ми дојде идеја да правам беџови, но бидејќи повеќето handmade артисти го прават истото, ја добив идејата покрај беџови да правам и приврзоци за миленици. Приврзоците за домашни миленици се персонализирани. Сопствениците ми испраќаат фотографии од нивните кучиња или мачиња, и врз основа на тоа јас им правам уникатни приврзоци. Оваа работа ме одмора. Ме исклучува целосно од светот. Кога почнав да работам, го искористив ова како вентил да се ослободам од притисокот на факултет.

Името „5 до 12“ потекна од…

Со другарка ми Калина со која работевме партнерски на факултет, функциониравме буквално за сè 5 до 12, за проекти, макети… Што и да требаше да правиме, го правевме можеби недела или две претходно, ама на крајот кога требаше да се заврши, секогаш се случуваше да заглавиме и да се заплеткаме со нешто. Така, излегуваше дека сè треба да се направи во 5 до 12. Се шегувавме често дека ако некој ден имаме студио, тоа би се викало „5 до 12“. Бидејќи студиото не се случи, ѝ реков на Калина дека ќе го преземам името како заштитен знак за моите рачни изработки 😊

Мојот прв базар…

Првиот базар ми беше во „Љубов“ и бев многу задоволна, па потоа следуваше базарот во „Кантина“. На вториов базар се изненадив што за моите изработки се заинтересираа и повозрасни луѓе, бидејќи публиката генерално ми е помлада.

Материјалите и постапката на изработка течат приближно вака…

Најмногу работам со дрво и пред некое време внесов и плексиглас. Прво ги цртам дигитално, на компјутер им ги правам формите, потоа следува ласерското сечење и на крај ги земам празните парчиња за да ги бојам. Понекогаш ги премачкувам со лак, но тоа се случува поретко бидејќи сум забележала дека на луѓето повеќе им се допаѓаат кога се мат. И бидејќи користам акрилни бои, материјалите не се размачкуваат.

A процесот на работа…

Обично работам со музика. Има моменти кога не можам да се фокусирам да работам, најчесто кога ќе се преработам на некоја нова колекција. Тогаш сум возбудена и работам турбо, може да се случи да не станам од маса и 20 часа. Зимоска за еден базар се случи да седнам во 18 часот и да завршам повеќе од 20 беџа до 4 наутро. Самата се чудев како постигнав 😊

Приказната зад моите Фреди и Боуви-беџови 

Кога излезе филмот „Bohemian Rhapsody“, имав нарачка за беџ со позата на Фреди Меркјури. Откога ја објавив таа изработка, направив еден куп Фреди-беџови и приврзоци 😊. Дури потоа направив и слика на платно со Фреди. Само што ја објавив сликата, ми се јави една девојка и ја купи. Тогаш ги заслушав „Queen“, ептен.

Минатата година за роденденот на мајка ми, која во тој период живееше во Атина, немав идеја каков подарок да ѝ купам. Бидејќи има специфичен вкус, ми текна да ѝ направам беџ со ликот на нејзиниот омилен Дејвид Боуви. Беше воодушевена кога ѝ го однесов. Ми рече дека е најубавиот роденденски подарок што некогаш го добила 😊

Соработката со МакеДокс…

На МакеДокс волонтирав три години. Го обожавам фестивалот, дури и сум преспивала во Куршумли ан. Лани имаше базар во склоп на МакеДокс и учествував. Годинава дојдов до идеја да правам беџови и обетки – кромитчиња за фестивалот, им предложив на организаторите и тие прифатија. Направив и магнети и разгледници со објекти од Скопје. Во моментов се продаваат на МакеДокс 😊

За Прајд-колекцијата….

Периодов кај нас се актуализираше прашањето за правата на ЛГБТ-заедницата па посакав да дадам свој придонес во сето тоа. По скопската Парада на гордоста направив анкета на инстаграм-стори, дали постои интерес за Прајд-колекција. Бидејќи добив одличен фидбек, направив уникатна колекција. Пораката на оваа колекција е дека сепак, на крајот, љубовта победува.

Previous Post

„Љубовници од екранот“ од филмски сцени низ историјата

Next Post

PopUp Music: Пред нас се три викенд журки

Next Post

PopUp Music: Пред нас се три викенд журки

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum