Сликите се преземени од истоимената книга на Ен Билсон во која се прикажани романтични кадри и сцени со сексуален набој од филмската историја. Уметникот вели дека додека ја разгледувал книгата со фотографии, посакал да ги спои протагонистите, да направи да им се допираат усните и да водат љубов, па ги следел своите инстинкти и почнал да ги превиткува страниците една кон друга. Во оригиналната форма, се работи за сензуални слики, но Крејвен ги нагласува сексуалните тонови на сликата преку претопување на едната фотографија во другата. Со стратешката употреба на превиткувањето, лицата исчезнуваат и се добива сугестивно позиционирање на другите делови од телото.