PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

„Спознавање“ го објавува своето трето културно списание

PopUp by PopUp
јануари 25, 2024
in Музика, Настани
0
„Спознавање“ го објавува своето трето културно списание
420
СПОДЕЛУВАЊА
2.5k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Иницијативата „Спознавање“ го објавува своето трето културно списание во сабота (27.01) во Лабораториум со почеток од 19:00 часот. Новото издание има интервјуа со музичари од Балканот како Свемирко, но сепак го задржува фокусот на македонските музичари како Искра, Кем и други.

На самиот настан ќе има изложби од Мила Добревска, Јана Танчевска и Марта Патлиџанковска, инсталација од Партизан Принт, фотографски книги на Никола Јовановиќ и Иво Велчевски и базаар со дела на Лени Гелева, Моки, Урбанера и други.

Во текот на настанот ќе имате можност да видите изложба од најчитаните интервјуа на првиот и вториот број на „Спознавање“, самите фотографии од интервјуата, но и повеќе да се поврзете со мотивот зад идејата. Со ова се дава директна поддршка кон независната сцена, се запознавате со мотивите на уметниците зад нивните дела и може да набавите нешто локално и уникатно.

Првото и второто издание на „Спознавање“ беа издадени на 20.05.2023 и 23.09.2023 каде имаше интервјуа со македонски и српски музичари. Како најистакнати интервјуа беа со Констракта, Дина Јашари, Фанк Шуи и други. Додека на веб сајтот веќе има активна заедница која од срце придонесува кон културната сцена, опфаќајќи културни настани и колумни.

Зад изработка на списанието е екипата на „Спознавање“: Графички уредник – Анамарија Мишачковска, Главен уредник – Дарко Беровски, Фотографии – Емилија Трајковска, Иво Велчевски и Никола Јовановиќ и Колумнисти – Ангела Петкова, Бисера Ѓуровска и Светла Јакшиќ.

Следете ги Спознавање на Инстаграм и на Фејсбук.

Previous Post

Промоција на прогресивна и креативна младина преку платформата „СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ“

Next Post

Галеријата „Пионери“ со pop up изложба на Мила Добревска во Барселона

Next Post
Галеријата „Пионери“ со pop up изложба на Мила Добревска во Барселона

Галеријата „Пионери“ со pop up изложба на Мила Добревска во Барселона

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum