Инаку, Stojche ни е нам добро познат, а секако е познат и како име кое си го наоѓа својот пат на европската сцена. Во изминатата деценија се појавува на околу 30 винилни изданија објавени во Европа, а дел од нив и за издавачките куќи зад кои стои и самиот, Tangible Assets Records и Argumento Music Group. Познати се неговите соработки со дискографски куќи како A.r.t.less, DMK, Subwax, Grounded in Humanity, Sounds Benefit, Freund Der Familie.
Незапирливите Bernays Propaganda го објавија „Втора младост, трета светска војна“ во септември минатата година. Албумот ги обединува влијанијата на пост-панкот од доцните 70-ти и раните 80-ти, њу вејвот, алтернативниот рок, Детроит електрото и балканската фолк-музика. Централниот денс-панк и електро-грувот се комбинираат со минималистички бас-рифови, пулсирачки синт и се разбира, волшебниот глас и лириките на Кристина. Сето тоа резултира со разиграна музичка мешавина и силен одек на протестирачки химни. Eдна неодамнешна рецензија на албумот вели дека со „Втора младост, трета светска војна“, Bernays Propaganda ја потврдуваат својата транзиција од панк андерграундот до подиумите низ целиот свет и дека тоа е трансформација која сè yште трае.
Од 25 март до 11 април, бендот ќе ја реализира својата европска турнеја. Распоредот на настапите е ваков:
25.3.2020 @ RS, TBA
26.3.2020 @ Bratislava, Nová Cvernovka (SK)
27.3.2020 @ Olomouc, •sf•miniramp•diy• (CZ)
28.3.2020 @ Prague, Žižkovská Noc (CZ)
29.3.2020 @ Brno, Kabinet MÚZ (CZ)
30.3.2020 @ Wroclaw, D.K. Luksus (PL)
31.3.2020 @ Warszaw, Chmury (PL)
01.4.2020 @ Poznan, Dragon Social Club (PL)
03.4.2020 @ Berlin, Schokoladen (DE)
04.4.2020 @ Rotterdam, WORM Rotterdam (NL)
06.4.2020 @ DE – need help
07.4.2020 @ Munchen, Import Export (DE)
08.4.2020 @ AT – need help
09.4.2020 @ Maribor, Dvorana Gustaf Pekarna (SI)
10.4.2020 @ Kranj, TrainStation SubArt (SI)
11.4.2020 @ HR, TBA