За 2019 г. лауреат на наградата на Синема Сити беше Влатко Стефановски кому во рамките на фестивалот му беше организирана ретроспективна изложба на концертни плакати насловена како „Патешествие“.
Наградата на Глас му беше врачена за време на неодамнешните концерти во Филхармониската сала во Париз каде неговиот ансамбл под водство на Мајкл Ризман во три вечери ја изведоа музиката од трите култни филмови познати како Qatsi трилогијата: Koyaanisqatsi, Powaqqatsi и Naqoyqatsi.
Во негова чест, фестивалот ќе го прикаже филмот на Ерик Дармон – „Филип Глас: Гледајќи го Глас“ во февруари 2020 во Кинотека на Македонија како дел од зимското издание на фестивалот. Филип Глас денес се смета за најпознат и најуспешен американски композитор. Следната година на 31 јануари 2020 тој ќе наполни 83 години и е се уште активен и како композитор и како изведувач. Тој е еден од четирите основоположници на „минимализмот“ правец во класичната музика кој во ‘60те и ‘70те направил револуција во класичната музика.
Зад него е огромен опус кој се состои од голем број симфониски дела, филмска музика, опери, музика за театар, дела за соло инструменти, хорска музика, итн. Тој има настапено само еднаш во Македонија во 2000 г. кога во Универзалната сала одржа хуманитарен концерт. Во изминатиот период тој беше актуелен со новата симфонија, Lodger која се базира на третиот албум од берлинската трилогија на Дејвид Боуви и операта Ехнатон која оваа година постигна огромен успех во Метрополитен опера поради што се одлучија операта да ја вратат повтпрно за следната сезона 2020/21.