PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Македонски восочни обвивки за чување храна

popup by popup
декември 27, 2019
in Universes
0
400
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Ги изработува Соња (клик тука: Еко восочни обвивки), од памучен материјал со интересни и привлечни дезени, и пчелин восок од македонски пчелари. Памучниот материјал пред да се употреби се пере и се пегла, а и на восокот му е потребна претходна подготовка.

Во восочните обвивки може да се чува овошје, зеленчук, зачински растенија, леб. Храната во нив останува свежа подолго време. Заради антибактериските својства на обвивката, овошјето и зеленчукот многу подолго траат.

Можат да се користат повеќекратно, во период од шест или повеќе месеци. Идеални се за чување лимон, јаболко, авокадо, кашкавал, леб, магдонос итн.

Тие се еколошка замена за пластичните и алуминиумски фолии во кои е затрупан градов и државата.

 
Се виткаат според формата на храната, во форма на плико (за сендвич, зеленчук, овошје), во форма на конус (за пуканки, семки), во форма на кесичка (за зеленчук, овошје), како стандардно завиткување на подарок, капаче за тегла или инка за шише.

Покрај основната функција за одржување на свежината на храната, може да се користат и како алтернатива за пластика при завиткување сапун, четка за заби, козметика при патување, цвеќе, подароци, боици, прибор за училиште, шминки и сл.

Топлината на дланките ја омекнува еколошката обвивка и секој следен пат одново и лесно може да се обликува според формата на производите.

После секоја употреба обвивките може да се измијат во млака вода со благ детергент и одново се подготвени за употреба.

По губењето на функцијата, може да се компостираат. Со користењето на восочните обвивки при чувањето и пренесувањето храна (и други предмети), давате свој придонес во борбата против загадувањето, што е глобален проблем и прашање од светски интерес.
 

Previous Post

Скопје Синема Сити му врачи награда за животно дело на Филип Глас

Next Post

Под земја полесно се дише 7 (галерија)

Next Post

Под земја полесно се дише 7 (галерија)

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum