МКЦ влегува во нова авантура наречена СИРОВА КУЛТУРА. Идејата на проектот е четирипати годишно, на крајот на секое тримесечие, на младите независни и неафирмирани артисти кои немаат повеќе од 30 години, да им се даде простор и време да го претстават она што го создаваат. Во отворениот повик, МКЦ ги охрабрува сите што прават авторска алтернативна музика, создаваат уникатни уметнички дела, театар, пишуваат поезија, проза или драми, да пишат на info@mkc.mk, со назнака СИРОВА КУЛТУРА и да го покажат тоа што го работат.
Што треба да испратите?
- Кратка биографија;
- Линк до вашите инстаграм профили, фејсбук страници или youtube канали на кои ја претставувате вашата уметност;
- Ваша творба доколку не се претставувате на социјалните медиуми;
Предност ќе имаат апликантите кои делуваат во сферата на некомерцијалната, супкултурната и алтернативната уметност.
Повикот трае уште неколку денови. Тимот на МКЦ до 15 март ќе направи селекција на пристигнатите апликации и ќе избере десетина најдобри кои понатаму ќе бидат дел од еднодневен мултимедијален настан на кој ќе ги претстават своите дела. Побрзајте!