Македонската претставничка учествуваше со дебитантскиот краткометражен игран филм кој е во продукција на „Охо“, а улогите ги играат Јелена Јованова, Бодан Киранџиски и Јована Иванова. „Еден тон сладолед“ е филм за психолошката битка на едно момче кое се обидува да се искупи за неговите постапки носејќи сладолед.
„Наградата буди интерес за филмот уште пред да влезе во фаза на пост-продукција, а тоа е значајно од аспект на афирмација за вредноста на проектот и важната порака која ја крие филмот.“ – изјави Сандра Ѓоргиева за PopUp
Креативната Сандра успешно го претстави „Еден тон сладолед“ пред петчленото жири кое го препозна нејзиниот талент и амбициозниот филм триумфираше во конкуреција на концепти од Србија, Бугарија, Грција и Азербеjџан. Финансиската награда е во вредност од четири илјади евра за доработка на звук во студиото „Челиa“. Светската премиера на „Еден тон сладолед“ е закажана за следната година, а на Ѓоргиева и екипата им претстои фазата на пост-продукција.
Перспективната режисерка беше придружувана од уште неколку македонски учесници на реномираниот кампус за таленти од Источна Европа во Сараево. Актерките Сабина Мемиши, Тамара Ристоска и Сара Анастасовска (подобро позната од „Ефектот на среќа“) беа дел од потесниот избор на „Acting Studio“, а Кристијан Фидановски и Филип Мишов од медиумскиот сектор „Talents Press“ за новинари и филмски критичари.
фото: Злата Хоџиќ