На изложбата која се отвори со преформансот “Луис” на уметничкиот колектив од Лондон ГрејсГрејсГрејс, се претставени 39 дела од 25 светски реномирани авторки од Британија и Северна Македонија, како што се Трејси Емин, Сара Лукас, Лубаина Химид, Анета Светиева, Моника Мотеска.
Посетителите на МСУ ќе можат да ја посетат изложбата се до 12 август, а веќе во сабота, на 15 јуни, ќе биде организирано и водење низ изложбата со македонската уметничка Христина Иваноска, која на “Родови перцепции” е претставена со две дела.
Покрај водењата кои ќе бидат оргинизирани и со неколку други уметнички, за време на изложбата ќе бидат организирани и работилници, како и филмска и интердисциплинарна програма. За студентите и учениците пак, образовниот тим на Музејот ќе организира и едукативни водења низ изложбата.