PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Ирина Цоневска: Слобода, среќа и музика

popup by popup
јуни 13, 2019
in Интервјуа
0
401
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Сите го опишаа дизајнот на лименката Златен Даб на Ирина Цоневска како живописен, шарен и разигран. Неговите бои будат чувство на летна опуштеност и безгрижност. А што друго би можело да биде асоцијација за најдоброто македонско пиво, освен квалитетна забава и лежерност? 😊 „Ведрата лименка“ на Ирина беше повод да ја прашаме и други работи, особено за нејзините активности како позната тату артистка.

Твојот разигран, вивиден дизајн на лименката Златен Даб, привлече огромно внимание кај почитувачите на овој бренд. Дали може да се каже дека ја отсликува твојата личност?

Сигурно. Сè што цртам е искрено, а со оглед на тоа што сум личност што е порасната, но не и остарена во духот, мислам дека искрено создадов еден колаж од мисли што асоцираат среќа. Среќата значи слобода и не се ограничува на некакви правила па така и цртежот сакав да биде со слободни линии и да не ги почитува правилата за конвенционалниот изглед на нештата.

Како течеше процесот на осмислување на дизајнот?

Прво размислував за убавото околу мене и за работите што ме прават среќна. Моите омилени бои. Нацртав многу елементи на едно место и потоа правев селекција на тоа кои од нив би ги поврзала со Златен даб како пиво што го пијам на плажа, после работа, со другарките или сама додека си ја слушам омилената песна. Пробував бои и композиции додека не го добив финалниот изглед.

Опиши ја со три збора (сега веќе) твојата лименка Златен Даб? 😊

Слобода, среќа и музика.

Освен искуството како тату артистка во тату студиото „Nameless“, во кои други уметнички форми и стилови се пронаоѓаш?

Сакам да сликам, да цртам на ѕидови, да везам и да правам илустрации дигитално.

Ако мораш да одбереш три мастерпис тетоважи што си ги направила и на кои се гордееш, кои се тие?

Конкретно на одредена тетоважа не сакам да се гордеам, туку повеќе на прогресот што сум го направила низ годините, а секоја тетоважа има свое уникатно значење и приказна и за мене како и за самиот клиент, и секоја е посебна на свој начин. Но, доколку треба да избирам, еве три од моите поомилени тетоважи:



Previous Post

4 нови артисти на ЗДРАВО МЛАДИ #9

Next Post

„Родови перцепции“ во МСУ (галерија)

Next Post

„Родови перцепции“ во МСУ (галерија)

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum