На 14ти и 15ти Јуни во Струга ќе се случува првото издание на фестивалот Енхалон кој по својот формат е уникатен во Македонија, организаторите најавуваат 32 часа непрекината музичка програма која ќе биде поделена на четири различни локации ( индустриски хангар, целодневна забава на плажа, open air ноќна програма, афтер парти крстарење на брод) и ќе вклучува актуелни интернационални артисти кои се дел од врвот на електронската музичка сцена денес како и бројни македонски артисти кои продуцираат своја авторска музика.
Паралелно со музичката програма ќе биде во отворена и халата за Видео Арт во која ќе гостуваат уметници од Германија, Британија, Исланд како и селекција на македонски уметници кои претходно аплицирале со свои дела на јавен конкурс.
Како главен хедлајнер на фестивалот е најавен Ancient Methods, пионер на модерниот техно звук и амбасадор на берлинската електронска сцена. Еден од ретките продуценти кои со секоја нова плоча ги дефинира и редефинира стандардите на електронската продукција, како и технички врвен DJ кој низ современи електронски форми зближува и реинтерпретира многу музички стилови и култури, од електро и индустриски звуци преку панк и метал, се до класична, медитативна и психоделична музика.
Неговиот настап е најавен за 14 јуни / петок на првата фестивалска локација, индустрискиот хангар кој е дел од комплексот на Центарот за култура во Струга.
Во раните утрински часови на 15 јуни – сабота фестивалот продолжува на периферијата од градот, плажата Ливадишта ќе биде местото каде ќе се случува 14-часовна журка со гости од Британија, Белгија и бројни македонски артисти, а целиот настан ќе биде пренесуван во живо на британското Threads Radio.
Веднаш по завршувањето на дневната програма, журката се сели на летната сцена од Центарот за култура каде како главен хедлајнер е најавена Daniela La luz, една од клучните фигури на германската електронска сцена, композитор, продуцент, текстописец, вокалист и косопственик на издавачката куќa Parallel Berlin.
Во 2010 година, на QWARTZ Electronic Music Awards во Париз освојува награда со нејзината трака EllE Routine во категоријата Dancefloor & Clubbing и истата се сместува на компилацијата издадена од Syncopated Musik / Minneapolis / US), заедно со артисти како Laurie Anderson, Gudrun Gut, Alejandro Jodorowsky, François Bayle и други.
Нејзината музика многу често знае да се најде во сетовите на Laurent Garnier, Sven Väth, Ken Ishii, DVS1, Guy Gerber, Solomun, и Marcel Dettmann.
Фестивалот ќе биде затворен со афтер парти журка на брод кој ќе крстари низ Охридското Езеро, настанот започнува околу 3 часот по полноќ и ќе биде организиран превоз кој ќе ги превезува гостите од летната сцена до пристаништето во Струга.
Хедлајнер на овој настан е полскиот диџеј и продуцент GLOS, основач на издавачката куќа Non-Print и продуцент кој не ги следи конзервативните методи на правење техно музика со линерни патерни. Често во неговиот каталог можат да се најдат и експериментални изданија надвор од границите на конформистичката техно продукција. Како продуцент и изведувач често користи аналогна опрема, креирајќи уникатен начин на работа како на пример снимање звуци од дисторзирани гитари и клавијатури.
Парискиот „Flyance Records“ на почетокот на 2019 го објави неговото EP „Twenty-Seven Stabs“, кое содржи и ремикси од Błażej Malinowski и VII Circle. На неговиот последен албум Głós го реобјавува и неговиот постар материјал со што неговата луцидна но сепак straight to the point продукција ги потврдува раритетните постаменти на кои се заснова неговата музика. Настанот е во соработка со колективот Vehemence од Скопје.
Блок картите за целосната фестивалска програма можат да се набават по цена од 800 денари преку продажната мрежа на www.mktickets.mk и на билетарата на фестивалот.
Во продажба се и единечни билети за сите четири фестивалски локации.
Целосна програма по локации:
14.06.2019 – Петок – Хангар, Центар за Култура
► Ancient Methods
► Andreas Hz
► Kronom
► Bodan Jamakoski
16.06.2019 – Сабота / афтер + денска забава на плажа – Ливадиште
Threads*Livadiste // In collaboration with the London based
Threads Radio >>> 12 hours audio streaming @ www.threadsradio.com
► Herzel (Live)
► LKF (THINGS DISAPPEAR, Threads Radio / UK)
► T-Scale (Faster Than Music, Loose Lips / Threads Radio / BE)
► Diah
► Martchin
► Prince$$ Donatsu
► Ivana Dragsic
► Marko Rikaloski
► JosS
15.06.2019 – Сабота – Летна Сцена, Центар за Култура
Во соработка со Сон / Звук и Center – Lounge & Fresh Bar Битола
► DANIELA LA LUZ (Live)
► Herzel
► Soul Case
16.06.2019 – Недела – Афтер парти крстарење на брод
Во соработка со Vehemence, Скопје.
GLOS Live (PL/DE)
Ana Malo
Хала за видео арт и мултимедија – 14,15 Јуни, Центар за Култура
Настапи во живо:
► Oneness (AV performance)
► Vedis (live)
Видео-инсталации и проекции:
► Vince Fraser (UK)
► Gudrun Mobus (Island)
► New Born Film Agency Berlin
► Македонски Артисти (видео-конкурс)