Утре (4.11) во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 21 часот ќе се случи слушачката промоција на првиот албум на „Кенопсија“, новиот авторски проект на младиот музичар Виктор Стојчевски.
„Кенопсија е морничава атмосфера на некое место кое обично е преполно со луѓе, но сега е празно и тивко. Кенопсија е новиот соло проект на Виктор Стојчески и преку него ќе се бори со напуштените сеќавања и сѐ што ќе биде, желбата да се побегне и бунтот против сите очекувања.“ вели Иван Николов за албумот.
Албумот може да се преслуша ТУКА!
Паралeлно на тоа, во галерискиот простор во кафе-книжарницата „Буква“ ќе биде отворена и изложбата на колажи и графики на младата уметница Марија Јаќовска.
Настанот е организиран од младинското неформално здружение „Култура бета“ во соработка со кафе-книжарницата „Буква“. Повеќе информации за настанот може да најдете ТУКА!