PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Приказната за Селма, бегалката од Сирија – нова монодрама во МКЦ

popup by popup
април 21, 2018
in Настани
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Се плашиме ли од различностите? Ја разбираме ли приказната за бегалците? На само четиринаесет години, Селма, бегалка од Дамаск, Сирија, пристигнува во Скопје со својот куфер и со својата кукла. Проси на улица Македонија. Хелсиншкиот комитет за човекови права ја наоѓа и ја згрижува. Актерката Симона Спировска ја подучува македонски и ѝ помага со интегрирањето во македонското општество.


Селма се заљубува во младо момче, кое е водач на протестите за пуштањето на мигрантите во нашата земја, но границите се затвoраат дента кога таа влегува во земјата и е единствената бегалка во Скопје. Почнува да држи часови по ориентален танц двапати неделно и се издржува од тоа, како и од милостината на оние што ја познаваат, додека чека да ѝ бидат издадени документи за азил. Поминуваат девет години, а нејзиното вклопување во македонското општество оди тешко. Селма сака да замине, го прекинува контактот со Симона и исчезнува. Многу важен момент е времето во кое се случува дејството во „Јас, Селма“: блиската иднина на Македонија.


Симона Спировска ја води целата приказна, играјќи се себеси, но играјќи и уште неколку други ликови, меѓу кои и Селма. Текстот и режијата се на Милош Б. Андоновски, монтажата на звук на Сашко Потер Мицевски. Од екипата велат дека оваа претстава зборува за нас, исто толку колку што зборува и за младата Селма. Претставата дава одговор и на прашањето дали воопшто имаме нешто заедничко? На крајот, актерката Симона вели: „Ни треба да ни се случи катастрофа, за да ја разбереме нејзината катастрофа.“ Премиерата на монодрамата „Јас, Селма“ е закажана на 24 април, првата реприза на 25 април, а втората на 2 мај. Сите изведби почнуваат од 20.00 часот, во Џебното кино на Младинскиот културен центар во Скопје.

Tags: театар
Previous Post

Започна 21-то издание на „Скопје филм фестивал“

Next Post

Карел Кладек: Доста веќе со „Те сакам“

Next Post

Карел Кладек: Доста веќе со „Те сакам“

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum