PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Пријави се на 24-часовно цртање стрипови!

PopUp by PopUp
октомври 31, 2023
in Уметност
0
Пријави се на 24-часовно цртање стрипови!
402
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Во тек е пријавувањето за 14 регионална манифестација „24 часовно цртање на стрипови“ која е отворена за стрип автори од регионот, меѓу кои и македонски автори, а започна на 28 октомври и ќе трае до 9 ноември годинава.

Манифестацијата се одржува во сабота, 11 ноември 2023 година од 12 часот и ќе трае до следниот ден 12 ноември 2023 до 12 часот, информира Томе Трајков, програмски координатор на Стрип центарот на Македонија-Велес, кој е македонски координатор за оваа манифестација

Тој појаснува дека се црта во живо од  определени пунктови во градовите: Госпиќ , Херцег Нови, Љубљана, Осиек, Риека, Сплит, Загреб, а се овозможува  и  цртање од дома и објавување на  изготвени  стрип на  онлајн платформата https://www.24satnocrtanjestripa.com/

Како што истакна  Трајков, од страна на негови стрип  соработниците и пријатели од Хрватска била прифатена  неговата иницијатива за мобилизирање  на македонските стрип автори во оваа стрип манифестација.

-Што се однесува до организацијата, таа е спонтана и нема посебен организатор. На светско ниво ја создава реномираниот стрип теоретичар Скот Мек Клоуд, а во регионот авторот Дарко Мацан на Академијата во Загреб во 2010. Оваа акција низ годините бргу се проширува, вели Трајков.

Потенцира дека една специфика е што оваа регионална иницијатива е сосема независна од светската истоветна акција, што се организира во месец октомври.

Преземено од MIA.mk

Previous Post

Нов настан на Ponder во Битола: Lelee од Љубљана, Словенија и My Tear од Скопје

Next Post

„Пријателите“ се збогуваат со Метју Пери

Next Post
„Пријателите“ се збогуваат со Метју Пери

„Пријателите“ се збогуваат со Метју Пери

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum