PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Премиера на драмата „Сина роза“ во режија на Румена Шопова

popup by popup
септември 18, 2020
in Настани
0
400
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

„Сина роза“ е драмско дело работено по мотиви на „Стаклена менажерија’“ од Тенеси Вилијамс, oдносно дуодрама каде што од интегралниот текст се исцрпени Лора и Џим.

„Постојано ми се вртеше во глава ликот на Лора од „Стаклена менажерија“, сакав да ги прочитам нејзините мисли низ страниците на драмското дело, но тие беа толку тивки што скоро и да ги нема. Потоа се трудев да ја запознаам и да ја осознаам нејзината комплексна психолошка состојба, за на крај сепак да прикажам една Лора која ја има во сите нас во секој момент од денот. Лора полна со несигурности, Лора која дозволува секоја насмевка да ѝ биде нацртана од друга рака, Лора која не сака да излезе од својата зона на комфор и едноставно да направи промена.

Навидум се чини дека е тешко да ја надвладеете таа Лора, но новата Лора која што јас ја искалемив со секоја нова реплика од оваа претстава едноставно направи само еден чекор и поглед нанапред. Кои се тие норми, правила, напишани, ненапишани кои одредуваат кои сме, што сме, кои ќе бидеме? Кој е толку силен да нè смести во некоја одредена рамка? Зарем ние не го одредуваме нашето JAС? ‘’ вели Румена Шопова.


Во претставата, ликот на Лора го игра Жале Османи, додека во ликот на Џим се појавува Томислав Давидовски. Драматург на текстот е Дамјан Дуковски, сценографијата на оваа претстава е на Taмара Забазноска, додека автор на музиката е Анастазиjа Голчева.
Првата реприза на оваа претстава ќе се одигра на 20 септември (недела) со почеток во 20:00 часот. Проектот е поддржан од Министерство за култура.

Previous Post

Започнува 19. CINEDAYS: Филм на секое платно

Next Post

PopUp Faces: Мелани Монева

Next Post

PopUp Faces: Мелани Монева

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum