Место на кое би се преселила без да ми трепне око:
Барселона. Плажа, топли луѓенца, топло време, преубав и артистичен град. Некако целата атмфосфера во градот ме освои.
Може ли да ја ѕирнеме твојата bucket листа? 😊
Лик од филм/серија со кого би можела да бидам цимерка:
Schmidt од New Girl 🙂
Фејсбук, Твитер, Инстаграм или ТикТок?
Инстаграм – зависна сум од инста и приватно и професионално и некако се осетив слободна креативно да се изразувам токму на инста.
Последна книга што ми оставила голем впечаток е
Man’s search for Meaning – Viktor Frankl
Места на кои правам reset и recharge се
домче во соба со книга или со моето музиче со кое се чувствувам најблиска.
Омилена сцена од филм:
La vita e bella – сите сцени…Ликот на Guido ми е role model.
Јадење што знам да го зготвам како врвен chef …
пржени јајца хахах. Шала на страна, најубави ги правам :’)
Ако имам следен живот, во него сакам да сум…
спиритуален Гуру.
Кои три нешта би ги ставила во временска капсула?
Блу – моето најсакано куче Блу, секоја друга менливост и минливост на нештата лесно ја прифаќам 🙂
Kоја superpower би сакала да ја поседуваш?
Телепортација. Би ми заштедило многу време, а и ќе можам да си шетам кога сакам и каде сакам 🙂
Го сакам Скопје затоа што…
сум поврзана со прекрасните луѓе од тука, а и нема место кое не ми буди спомени 🙂
Најсреќна ме прави…
road trip – кога пеам на сoвозачко.
Неостварена желба ми е…
да одам на концерт на Bon Iver
Не сакам да трошам време на…
телефон (ама трошам).
Во последно време на мојата плејлиста можеш да ги најдеш песните:
James Blake ft Bon Iver – I Need A Forest Fire
Ben Howard – Follation Wood
Leon Bridges – Better Man
The Kooks – She Moves In Her Own Way
Olamide – Motigbana
Bonus track од мене. Сакам сите што ме читаа на PopUp денеска да го слушнат ова парче:
Текстот не е лекториран со цел да се задржи неговата автентичност.
Фотографии: Кристина Нановиќ