„Портрети на човештвото“ е фотографски натпревар зад кој стојат 1854 Мedia, Magnum Photos и Гардијан. Жирито на натпреварот е составено од лидери во светската фотографска индустрија, a повикот за учество е упатен до фотографите од целиот свет кои можат да конкурираат со свои фотографии што ја истакнуваат индивидуалноста, заедницата и обединетоста. Организаторите велат:
„Сите сме обединети преку човечноста што ја споделуваме. Преку портретирањето на обединетоста на човечките суштества низ светот, се надеваме дека ќе создадеме портрет кој ќе го изрази универзалното преку индивидуалното.“
На портретите може да се видат многуте лица на човештвото, универзалните изрази на животот: смеата, храброста, моментите на размисла, патувањата до работа, првите поздрави, последните збогувања и сето она што се случува во меѓувреме. Конкурсот трае до 8 јануари 2019 (македонски фотографи, повелете линк). Приложениве фотографии се дел од „Портрети на човештвото“ и пленат со своите моќни пораки и приказни.

Вулгарна женственост, Москва. „Мајка ми е пластична операција, нејзиното тело е посебен објект на манипулации во името на убавината.“

Работата на фотографката Sarah Waiswa од Кенија се фокусира на идентитетот и на тематиката поврзана со изолацијата и припадноста во нејзината родна Африка. Таа го документира т.н нов африкански идентитет – термин што ја означува новата ера на културна слобода на континентот: од религијата до отфрлањето на луѓето со албинизам.

13-годишната Марисол со нејзиното бебе во Кањаверал, Манаби. Еквадор е трета по ред на листата земји со највисока стапка на тинејџерска бременост во Јужна Америка. Голем дел од случаите со бременост се резултат на силување и сексуална злоупотреба од пријатели и роднини на мајките.

Дорис има 20 години и е последна што се занимава со фармерство во Via Lactea, во долината Бленио во Швајцарија.

Невработениот 38-годишен Хорхе и неговата шестгодишна ќерка Анхелес се будат и лежат заедно во Буенос Аирес. Нивната поврзаност е слика на љубовта, меѓусебната грижа, нега и поддршка.

Животниот век на трансродовите жени во Бразил е помал од 35 години. Тие се мета на секојдневна злоупотреба, а околу 90% од нив работат како проститутки, отфрлени од семејството и пријателите. Бразил е земја со највисока стапка на убиства на трансродови жени – дури 113 само оваа година.

Дилдар Бегум (30), жена од бегалскиот камп на племето Рохиња во Бангладеш. Дилдар била силувана од припадници на армијата на Мјанмар во 2017. Тие ги убиле нејзиниот сопруг, двајцата синови и свекрвата.

Одраз во дрвјата од човечките черепи на бојните полиња во Пном Пен, Камбоџа.

Албанката Данјола Ндрепепа (44) им припаѓа на бурнешите, заколнати девици кои на рана возраст избираат да живеат како мажи. Понекогаш тоа е нивен слободен избор, поттикнат од желбата за независност или пак за да избегнат договорен брак. Честопати тоа е и потреба за да ја спасат честа на семејството во кое не се родило машко дете. Овие жени се заколнуваат на живот во целибат, се облекуваат и се однесуваат како мажи.

Реми, Лондон

