Предновогодишните журки се посебно убави и незаборавни. И баш кога ладниот град постепено се вжештува пред најспектакуларната ноќ и вие се прашувате каде е лудата забава, PopUp Music најавува одлична журка со Session Victim во Еpicentar, на 14 декември точно на полноќ!
Session Victim почнале да прават музика во времето кога преовладувал ставот дека винилот е во изумирање и дека единствениот начин да се одржи продуцентската кариера е целосното прифаќање на дигиталното. Нивната формула за успех се базира на цврсто пријателство, па така, велат дека ако искрено сакаш да правиш музика, ќе најдеш начин дури и ако одиш по потешкиот пат и се држиш само до своите принципи.
Имаат направено три LP изданија со Delusions of Grandeur, а нивните оригинални изданија се поврзуваат со Retreat, XK и Real Soon. Имаат ремикси и со други артисти за дискографски куќи како што се Classic, Greco Roman, Heist, Toytonics, Tartelet, Permanent Vacation и Razor N Tape.
Во 2018, под влијание на култните pen & paper игри од 70-тите и 80-тите, како што е ‘Dungeons and Dragons’, го основаат својот лејбл Pen & Paper. Овој лејбл го изразува светот на двајца студиски гикови кои често поминуваат по цели денови и ноќи во нивното студио во Хамбург, работејќи на продукција, свирки со други артисти и играјќи флипери. Pen & Paper изданијата ќе бидат само на винил, бидејќи дуото си ветило дека целосно ќе му се посвети на овој формат. Во 2018 имаат четири свои изданија – некои се од нивната продукција, а дел се соработки со Carsten ‘Erobique’ Meyer и други. Истовремено, Session Victim оваа година имаа и ново live show со Erobique во The Jazz Café во Лондон. Со колекција од плочи која покрива неколку децении на хипхоп, фанк, диско и соул музика, како и безброј хаус и техно плочи, нивната страст се состои во „дувањето прашина“ од старите винил-богатства, а инспирацијата за своите сетови ја добиваат токму од тие мали, но значајни моменти на откривање музика.
Она што воодушевува кога одите на забава со Session Victim е степенот на кој тие ја одржуваат добрата вибрација во живот, магичните моменти на подиумот за танцување, печатот што го оставаат нивните неповторливи личности на секој перформанс и насмеаните лица што се појавуваат кога сето ова ќе се измеша во едно. Значи, дојдете и заминете насмеани 🙂 Журка со Session Victim во Epicentar, на 14 декември со почеток во 00:00 па сè до 05:00! (Цената на билетот до 01:00 изнесува 300 денари, а по 01:00 – 400 денари)

