PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Пивото не е само за гаснење жед

popup by popup
декември 5, 2018
in Universes
0
400
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Френк Запа рекол: „Не можете да се наречете вистинска држава ако немате пиво и национална авиокомпанија. Од помош може да ви биде ако имате некаков фудбалски тим или нуклеарно оружје, ама пред сè треба да имате пиво.“ Па добро, aвиокомпанија немаме, за фудбалски тим ќе почекаме, ама пиво секако имаме. И тоа такво што може да ни го надомести сето она што ни недостасува 😊 Зошто толку го сакаме?

Ни овозможува да бидеме умерени во пиењето

Зошто пивото многу повеќе се преферира како пијалак за дружење, споредено со жестоките пијалаци? Па, има далеку помалку алкохол и слободно може да се смета за умерен пијалак. Различните видови алкохол на различни начини ги поттикнуваат емоциите на тој што ги консумира. Една студија на British Medical Journal од 2017 година опфатила 26.000 учесници од 21 земја, кои пробувале различни типови алкохол. Испитаниците – љубители на пиво биле со значително помала агресивност отколку оние што пиеле жестоки пијалаци. Само на 17% од нив им било мачно по пиењето (бидејќи претерале), споредено со дури 48% испитаници што се чувствувале лошо по консумацијата на жестоки пијалаци. Инаку, англиската кралица Елизабета Прва (да, онаа што ја глуми Кејт Бланшет) обожавала пиво и можела да ги натпие сите жени и мажи на нејзиниот двор. И ние познаваме неколку такви докажани пивски кралици 😊


Секое „на здравје“ со пиво и друштво навистина значи подобро здравје

Кога наздравуваме, ние се поврзуваме! Дружењето е огромен и значаен фактор за психичкото здравје и општата добросостојба на човекот. Многубројни студии веќе имаат докажано дека силните социјални врски и доброто здравје се тесно поврзани. Дигиталниот свет и формите на поврзување преку социјалните мрежи овде се беспомошни. Повеќе од кога било претходно, ова време на онлајн социјален живот ја наметнува потребата да се дружиме на разни настани и неформални опуштени собирања без смарт телефони (нека трепка).  Нема подобар начин да се поврзете со некого од оној стариот – да се гледате лице в лице додека се дружите и наздравувате со чаша (кригла) добро пиво! Совет: Нова година е на прагот, обидете се една вечер да ги оставите телефоните дома и да се дружите меѓу себе само со криглите пиво пред вас!


Пивото им е важно на креативците за да дојдат до моментот „еурека“!

Сите луѓе што работат во креативниот сектор имаат дојдено во ситуација да си ги удрат главите во дебелиот ѕид на кој пишува „немам идеја, немам инспирација, немам поим“! Многумина заклучиле дека неколку пива и опуштено дружење во кафуле или бар, можат магично да им ги отворат вратите на креативноста. Како? Моментот на „големата идеја“ за уметниците и за дизајнерите доаѓа кога мозокот е опуштен. Научниците велат дека пет секунди пред тој момент, се забележува зголемување на алфа-брановите во мозокот, кои се поврзани со релаксацијата. Умереното пиење пиво ја намалува т.н „работна меморија“, која ја спречува способноста на мозокот да се фокусира кон проблемот што го интересира, и ја зголемува креативноста. (Дали Архимед би дошол до своето откритие ако ја потопел фамозната златна круна во пиво?) 🙂


Оne BEER a day keeps the doctor away

Едно финско истражување спроведено меѓу 27,000 пијачи на пиво докажа дека со едно испиено пиво на ден, ризикот од камења во бубрегот се намалува за 40 отсто. Водата и алкохолот во пивото го зголемуваат протекот на урината и со тоа го намалуваат ризикот од појава на камења. Универзитетот Харвард пак спроведе истражување според кое луѓето што пијат умерени количини на пиво имаат 50 отсто помали шанси да доживеат мозочен удар во споредба со оние кои не пијат. Исто така стручњаците утврдиле дека една до две чаши пиво дневно го намалуваат ризикот од дијабетес тип 2 за 25 отсто. Да не зборуваме дека е добро за спречување на Алцхајмерова болест, за добар сон во текот на ноќта, за поцврсти коски, па дури и за спречување очно перде (верувале или не) 😊


Пивото содржи состојка со која се слабее?

Не го сфаќајте ова премногу буквално. И да се разбереме, никој нема ништо против „пивското стомаче“ 😊 Но, според истражувачите од Универзитетот во Орегон, хмељот содржи состојка наречена ксантохумол која ги намалува шансите за развој на метаболички синдром – состојба на здебеленост, покачен крвен притисок и намален шеќер во крвта. Оваа состојка која се наоѓа во пивото, во иднина би можела да се преработи како посебен суплемент кој ќе биде мошне ефикасно средство за борба против оваа состојба на дебелина.

На здравје! 🙂

Previous Post

PopUp Music: Session Victim во Epicentar

Next Post

Македонски дизајнери на накит изложуваат во Виена

Next Post

Македонски дизајнери на накит изложуваат во Виена

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum