Во петокот, Radio Bar неколку часа личеше на еден вид самостојна музичка зона во некој од париските арондисмани каде што можете да го слушнете автентичниот звук на Quentin Vandewalle a.k.a Zaltan. Zaltan во Скопје го донесе шаренилото на неговиот лејбл Antinote чија компактност се карактеризира со разноличните вкусови за музика што овој диџеј ги има и успешно ги соединува во едно. Човекот чии сетови секогаш пленат со својата freeform разиграност и се зачинети со звуци кои не можете да ги слушнете кај другите диџеи, со сигурност ја размрда урбаната екипа што се собра да го слуша во Radio Bar. До наредниот PopUp Music сет во Скопје, се надеваме дека Zaltan ќе продолжи да „копа“ по second-hand продавниците со плочи во Париз, и да ни составува ново богатство од звуци и ритми.









