Не секоја категорија ја задоволувам и секоја ми e некако претесна. Обично секогаш главам во екстреми на правење и неправање на нештата во секојдневието. Сакам денот да ми започне рано, ја сакам таа чистина од сабајле. Возам ролери и вежбам јога. Се интересирам селективно но deep.
Фотографија од познат фотограф што секогаш ме замислува:
Dorothea Lange, Migrant Mother, Nipomo, CA.
Место во кое би се преселила без да ми трепне око:
Би се преселила на море со температура до 25 степени макс. Нешто in between урбанизација и nature. Сакам да имам skate park у близина, затоа што тоа ми е неостварена желба од детство, и сè уште. Место со свесно општество и здрав менталитет.
Аналогна или дигитална фотографија?
Дигитална сега за сега, можда и засекогаш who knows. Тотално различни светови се двете, аналогната има премагичен процес на производ на делото, а моментот дека сè проаѓа низ твои раце и гледаш нештото како расте пред тебе, е непроценливо. Има некоја вистина што кај дигиталната секогаш не е случај. Но токму тоа и ме држи до дигиталната, тука ја гледам нејзината убавина. Во тоа да го креираш твоето дело до неограничен левел. И да се рушат правила, насоки и принципи. Со надоградбата на софтверските и дигиталните можности сметам дека заедно со нив треба да движи и фотографијата, а тоа значи дека секој едит ќе оди до степен кој што на артистот му се допаѓа, и тука нема граници и нема правила (секако во зависност од целта која што треба да се постигне со конкретна фотографија). Некои гранки не трпат едит на висок левел, како на пример репортерска и документарна фотографија, каде што треба да се долови вистината, но сметам дека таму авторот може да влезе со свој колорит, затоа што секоја боја буди различни емоции и секој различно го перципира истиот момент. Во секоја фотографија треба да има и дел од фотографот, да, тој ги поставува границите на фрејмот, но има секогаш и простор за перцепција лична. Дефинитивно фотографијата излегува од стандардните форми, и зазема некој друг дигитален облик. Јас лично не го чувствувам делото целосно и мое додека не е обработено во софтвер.
Кога сум на ролерки, се чувствувам…
Се чувствувам слободно и безгранично, сè додека не налетам на дупка во асфалтот или на несовесен учесник во сообраќајот, а кај нас ги има премногу. Скопје не е прилагодено за возење ролерки што според мене е навистина штета. Додека се гушиме во бетонот што тони во прашина, немаме моментално ниту еден функционален скејт парк. Место каде што растат идеи, личности, mindset и тело. И тоа треба брзо да се промени, но најверојатно треба обединување на истомисленици што исто така е сè повеќе реткост.
Периодот на самоизолација ме натера да…
Да ги завршам тасковите што одамна ги планирав, да се апстрахирам од токсини на секојдневие и да имам доволно време да се хранам здраво. Да ослободам меморија на лаптоп и хард дискови, што ми е секогаш проблем и е never ending process за мене затоа што секојдневно се трупа со нови ствари. Остварив добро карантинско работно flow без влијание од надворешни фактори.
Може ли да ја ѕирнеме твојата bucket листа?
Серија што на сите им ја препорачувам…
Искрено повеќе читам книги и многу ретко гледам серии. Кога ги почнувам, најчесто не ги догледувам и потешко ми држат внимание. Книга повеќе ми се вклопува во распоред, и ми дава визуелен таск на проток на зборови во слика.
Можам со часови да ги гледам делата на…
На сите уметници кои се неисцрпни во изразот, и секогаш кога следен пат ќе погледнеш во истото дело приказната е сè подлабока.
Најголемо изненадување што ми го приредиле EVER…
Не сум фан на изненадувања, добредојдени се само ако се мини, private и од ептен блиски луѓе 🙂 Пред неколку години имав супер спремно b-day surprise од другарките.
Kоја superpower би сакалa да ја поседуваш?
Да кликнам едно копче и да се рестартира цел свет 😀
Во последно време на мојата плејлиста можеш да ги најдеш…
Заедно со mood swings буквално сè, еве неколку: Catnapp, Noga Erez, Gorillaz, MGMT, FKA twigs, Jorja Smith, Azealia Banks, Acid Arab, Little Dragon, Boy Harsher, Snarky Puppy, Herbie Hancock, Jonathan Bree, Die Antwoord, Tommy Cash, Grace Jones, Vangelis, Younger Brother, KKN, Kukus, Телемама и Пиколомини, Galatheia, Aphex Twin, Abakus, Lemongrass, Boards of Canada, No4mat, Dead can dance, The Sound Defects, Bonobo.
Лик од филм/серија со кого би можела да бидам цимерка…
Timothée Chalamet од Call Me by Your Name.
Филмови што треба да ги изгледате:
Еnter the Void, I Origins, Baraka, Samsara, Only Lovers Left Alive, Mother, Requiem for a Dream, Eyes Wide Shut, High Art, Pina, Lion, Closer.
Фејсбук, Твитер, Инстаграм или Тик Ток?
Во последно време се трудам да не поминувам долго време на социјалните мрежи, но некогаш едноставно е невозможно. Поради моментот дека се занимавам со визуелна уметност, неизбежна е таа in real time активност. Дефинитивно Инстаграм, најмногу ми одговара оваа платформа бидејќи гледам селективна содржина и е лесно прилагодлив тој селективен пристап. Фејсбук имам се повеќе чувство дека личи на бојно поле за IQ, и скоро воопшто не скролам home. Твитер и Тик Ток не користам coz it is too much for me.
Bonus track од мене. Сакам сите што ме читаа на PopUp денеска да го слушнат ова парче: