Место на кое би се преселила без да ми трепне око: (и зошто)
Лондон, затоа што е европска музичка метропола и затоа што таму си го пронаоѓам духот.
Може ли да ја ѕирнеме твојата bucket листа? 😊
Лик од филм/серија со кого би можела да бидам цимерка:
Ликот на Zoe Kravitz во High Fidelity!
Фејсбук, Твитер, Инстаграм или ТикТок? (и зошто)
IG, затоа што таму солењето памет е сведено на минимум.
Последна книга што ми оставила голем впечаток е…
The Restaurant at the End of the Universe- Douglas Adams, затоа што со еден параграф ја сумира оваа година:
“There is a theory which states that if anyone discovers exactly what the universe is for and why it is here, it will instantly disappear and be replaced by something even more bizarre and inexplicable. There is another theory which states that this has already happened.”
Места на кои правам reset и recharge се… (и зошто)
-најчесто се луѓе, не места 🙂
А инаку го сакам Охрид надвор од сезона, поради очигледниот мир од езерото и неколкуте мои рутински ресторанчиња.
Омилена сцена од филм:
Сцената од Funny Face каде Audrey Hepburn, облечена во црна ролка и панталони танцува во класичен француски бар во Париз.
Јадење што знам да го зготвам како врвен chef…
Квази-блогерски oatmeal и yogurt bowl
Ако имам следен живот, во него сакам да…
Да сум иста и да е ист ко сегашниот.
Кои три нешта би ги ставила во временска капсула?
Една конкретна made in Britain музичка компилација ( внатре има се’, од Pulp, Kasabian и Keane, до Orbital, Fatboy Slim и The Prodigy) и
Сладолед од Џино.
Kоја superpower би сакала да ја поседуваш?
Да ги вратам тие што не се повеќе со нас, барем на ден.
Го сакам Скопје затоа што…
ми е дома.
Најсреќна ме прави…
Чувството после завршување на книга. И најверојатно било што што прави да се почувствувам продуктивно.
Неостварена желба ми е да одам на концерт на…
Fleetwood Mac и Mazzy Star.
Не сакам да трошам време на…
Грижење што другите (ќе) (по)мислат за мене. За жал, тоа го правам редовно.
Во последно време на мојата плејлиста можеш да ги најдеш песните:
Is it any wonder?, Durand Jones & The Indications
Gospel for a New Century, Yves Tumor
Look What They’ve Done To My Song, Ma Melanie
All I Want, Joni Mitchell
In my Dreams, Kali Uchis
Meteori, Funk Shui
Liar, Built to Spill
Bonus track од мене. Сакам сите што ме читаа на PopUp денеска да го слушнат ова парче:
(Текстот не е лекториран со цел да се зачува неговата автентичност.)