Место на кое веднаш би се преселила без да ми трепне око е…
Берлин, од пушка. Уште пред да го посетам знаев дека ќе ми е тоа доживување, а откога стигнав во Prenzlauer Berg, се осетив како дома.
Што имаш во твојата bucket листа (засега)? 😊
Омиленото место за hang out во Скопје ми е…
Веројатно МКЦ, особено на Здраво Млади, гаражите на плочник на Под Земја Полесно се Дише. Општи места каде што излегувам без некоја посебна прилика, а да ми се омилени и не можам да издвојам 🙂
Можам со часови да ги гледам делата на…
Ау многу се, ќе ги издвојам по професија, француската илустраторка Lena Mačka, нашата Матеја Николиќ, сликари David Hockney, Basquiat, Миро Масин, John Baldessari и уште многу.. И фотографи Mapplethorpe и Helmut Newton.
Најголемо изненадување што ми го приредиле EVER…
Супер throwback, има две што би ги издвоила, првото во светот изненадување од другарка ми беше во седмо одделение, ми се јави да се симнам, не можев да ја отворам вратата од лифтот затоа што влезот беше преполн со балони и кога излегов (некако) ме чекаше прекрасен постер како подарок. Второто што би го напоменала е од пред две-ish години, бевме искочени апропо мојот роденден и моите другари ми донесоа прозор, целиот напишан со стихови и убави зборови кои ги асоцираат на мене. Shoutout to Aни, Леа, Миа, Ана, Гена, Ива и сите други кои беа дел од овие две убави дешавки.
Kоја superpower би сакалa да ја поседуваш?
Да се телепортирам.
Во последно време на мојата плејлиста можеш да ги најдеш…
The Blaze, The National, Young Fathers, Palace, Kikagaku Moyo
Нај-нај стихови од македонски изведувач ми се:
Скоро сите стихови од Краток Албум за Двајца од Телемама ❤ и Пиколомини.
Мојата перфектна комбинација на облека…
Секој ден да ми го поставуваат прашањево, секој ден различно ќе го одговарам, така што еве за денес е тоа што го носам.
Bonus track од мене. Сакам сите што ме читаа на PopUp денеска да го слушнат ова парче: