Музика слуша постојано. Дури и кога ја нема, ја слуша музиката од шумовите на нештата околу неа. Пее, свири клавир и тропа со што стигне. Сака да учи нови ствари постојано и што е можно повеќе да работи.
Замисли се на сцената на Broadway или West End… Во кои улоги се гледаш себе?
Искрено, не сум сигурна дека би сакала да бидам дел од Broadway или West End. Во “офф” театрите би играла скроз, но сé уште не знам во кои улоги.
Место на кое веднаш би се преселила без да ми трепне око:
Важно ми е да има вода и сонце. Толку.
Може ли да ја ѕирнеме твојата bucket листа? 😊
Мојата bucket list-a е едноставна и мала. Се менува на периоди. Сметам дека е важно да имаме цел која ќе му дава смисла на нашето секојдневие, но превисоко поставените цели може да нè одведат во крајност, а тоа не го сакам.
Лик од филм со кого би можела да бидам цимерка:
Sullivan od Monsters, Inc.
Омилена сцена од филм:
Тешко ми е да издвојам една бидејќи има различни сцени кои ми се допаѓаат од различни аспекти. „Sophie’s choice“ и сцената со изборот, „Get out“ и сцената со блицот:
„Magnolia“ и сцената со интервјуто, „Eyes Wide Shut“ и сцената со џоинтот во спалната соба, „The Hunt“ и сцената со исповедта на Клара… Ги има многу 😊
Места во Скопје на кои правам reset и recharge се…
Кога ќе се појави потребата за reset и recharge не бирам време и место. Ако сум тука, со себеси, не ми е важно каде ќе биде тоа. Но ако треба да изберам некое место во Скопје, тоа би било Музеј на Современа.
Kоја superpower би сакала да ја поседуваш?
Да сум невидлива, дефинитивно. Би ми било во полза на работата на лик со тоа што ќе можам без проблем да бидам дел од животите на поединци, да ги видам во секакво светло, онакви какви што се кога никој не ги гледа.
Најсреќна ме прави…
Самата јас. Затоа што, генерално, сè што ни се случува е поради нас самите.
Би се појавила во спот на:
Thom Yorke. По можност да ми биде партнер во играта.
Во последно време на мојата плејлиста можеш да ги најдеш песните:
Thom Yorke – Dawn Chorus
Connan Mockasin – Charlotte’s Thong
FKA twigs – Mary Magdalene
Bonus track од мене. Сакам сите што ме читаа на PopUp денеска да го слушнат ова парче:
(Tекстот не е лекториран со цел да се зачува неговата автентичност.)