Која е твојата работа од соништата?
Dream-job дефинитивно и без размислување ми е инженер/програмер во медицинска лабораторија (тренирање интелигентни системи за детекција на абнормалности и рана дијагноза на многу болести…).
Може ли да ја ѕирнеме твојата bucket листа? 😊
Да, со задоволство, многу сакам да инспирирам :))
Град во кој би сакала да живеам…
Барселона лето (морски бранови за surf), Инсбрук зима (Aлпи за powder).
Најголемото изненадување што ми го приредиле ever е…
Од мајка ми и татко ми кога ми соопштија дека ќе имам брат, еден ден после мојата полуматура.
Kоја superpower би сакала да ја поседуваш?
Фотографска меморија.
Koj/a e ултимативната модна икона според тебе? 😊
Peggy Gou – пренесекојдневен / прехрабар/ преуникатен стил.
Најсреќна ме прави…
Кога после исполнет, продуктивен ден на професионален план, ќе ме пречека благосостојба дома или надвор помеѓу другарите/другарките.
Во последно време на мојата плејлиста можеш да ги најдеш…
Топ три директ:
🎵 Jorja Smith – Be Honest
🎵 Dua Lipa – Don’t Start Now
🎵 TLC – No Scrubs
Ако денешнава Александра можеше да ѝ даде само еден совет на Александра од 2018-тата, кој би бил тој?
Уф, тешко само еден, ептен би сакала да ја вразумам Александра-2018, али како најесенцијален, би го издвоила советот да верува многу во себе, да биде похрабра и независна, бидејќи може да оствари сè што ќе посака, секако со многу желба, амбиција и надвор од комфорна зона 🙂
Bonus track за сите што те читаа на PopUp? 🙂
Александра: