Фотографот на славни личности Енди Готс (Andy Gotts) фотографира ѕвезди веќе 25 години, а сепак скромно се опишува себеси како зависник од филмови, кој сосема случајно станал фотограф. Тој вели дека неговите фотосесии се убави разговори повремено прекинати со понекое „чкрап“ 😊. Енди ги смета своите портрети за „студии за ликот“. Тој не користи сложени заднини или комплицирани конструкции. Неговата мисија е да создаде уникатни, вонвременски портрети од светски познатите лица на поразличен, чудно интимен начин.
Неговиот метод е многу необичен. Тој патува низ целиот свет за да ги фотографира своите субјекти кај нив дома, таму каде што се најопуштени. Фотографира сосема сам, без асистенти, и токму тоа му дозволува да ја создаде приватноста и интимноста што е потребна за да ги долови во издание во кое не се видени претходно. За да остане доследен во точното документирање на личноста пред објективот, тој отпосле не прави никакво ретуширање.
На неговите фотографии можете да ги видите Ал Пачино, Мерил Стрип, Џорџ Клуни, Роберт де Ниро и Клинт Иствуд, а Готс е автор и на последниот портрет на холивудската легенда Тони Кертис. Портфолиото на Енди Готс ги вклучува и бестселер книгата со портрети „DEGREES“ и „SAVE THE ARCTIC“ за Вивиен Вествуд. Започнал како фан, но денес е фотограф што има освоено престижни награди и е носител на почесен докторат по уметност за својата исклучителна работа.