PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

„Пејзажи на восхитот“ – самостојна изложба на Дарко Алексовски

popup by popup
април 5, 2022
in Настани
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter
Наградата подразбира реализација на самостоен проект во Музејот на современата уметност – Скопје. „Пејзажи на восхитот“ е наративен и истражувачки уметнички проект (цртежи и проекција) составен од три засебни целини, кои меѓусебно наративно и формално се надополнуваат. Овој проект е комплексен приказ за барањето и лутањето низ секојдневието, емоционалните процеси на вљубување и невозвратена љубов, како и постојаниот копнеж по нови неостварени начини на сеќавање.
Проектот е составен од три сегменти: „Мал прирачник за мечтаење“ (A Small Handbook for Daydreaming) – тековна серија која претставува самостојно печатено издание, потоа „Сцени од секојдневниот живот што постојано се одвиткуваат“ (Constantly Unfolding Scenes from Everyday Life) – серија дела (цртежи) кои се занимаваат со фрагментираноста и ефемерноста на пејсажите на секојдневието и „Хоризонт што не може да се види, но може да се замисли“ (A Horizon Which Cannot Be Seen, but Can Be Imagined) – серија колажи проектирани на аналоген проектор, кои се занимаваат со сеќавања поврзани со хоризонтот, како место кое е крајно недостижно.
Изложбата ја курираат: Ива Димовски, Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец.
„Во овој Циклус од цртежи, авторот создава еден топол и поетско – лирски амбиент, инспирирајќи се од секојдневните теми. Станува збор за внатрешно чувствување и откривање, а тоа визуелно го гради во еден систем на квадрати. Имагинарната игра на реални предмети и секојдневни складни форми, кои со своите взаемни односи и контрасти чинат еден одделен свет во рамките на композицијата на цртежот и целата инсталација“, вели Ива Димовски.
На неа се надоврзува и кураторот Владимир Јанчевски, кој смета дека делата од оваа изложба на Алексовски, отвораат можност за повеќенасочно и подлабоко исчитување на релацијата меѓу имагинацијата на уметникот и стварноста во која таа се реализира.
„Преку употреба на различни медиуми во поставката, која е контестуализирана и адаптирана за конкретниот изложбен простор на МСУ-Скопје, авторот овозможува исчитување и на засебните дела и на целината, кои што се позиционирани на граничните точки на визуелното и наративното, укажувајќи на специфичниот комплементарен однос на сликата и текстот“, вели Јанчевски.
Останатите двајца наградени автори од 13. Меѓународно биенале на млади уметници, Наташа Неделкова и Дритон Селмани, исто така ќе се претстават со самостојни поставки во МСУ – Скопје во текот на оваа година. Наташа Неделкова ќе има самостојна изложба на 07 мај, а Дритон Селмани ќе се престави со свои дела во месец ноември.
Со оваа награда, која подразбира реализација на самостоен проект, Музејот на современата уметност – Скопје, како одговорна институција, покажува грижа и отвора можности за надоаѓачките генерации македонски уметници, и со самото тоа има за цел да ги стимулира младите артисти да создаваат дела, кои добиваат шанса да ги покажат пред пошироката јавност.
Previous Post

Абас Кјаростами: Надежта на иранскиот и на светскиот филм

Next Post

12. ЗДРАВО МЛАДИ го најави учеството на бендот Deerhoof

Next Post

12. ЗДРАВО МЛАДИ го најави учеството на бендот Deerhoof

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum