Журката со која OVC Колектив ја завршува оваа сезона ќе се одржи на 10 јуни во „Зеленика Beer Garden“ (на Средно Водно). Незаборавната атмосфера ќе ја доловат Петков и Мораитов, кои се регуларни диџеи на журките на OVC Колектив, настапувајќи заедно последен пат во „Минус еден“.
Познати по нивниот уникатен стил, на Петков и Мораитов ќе им се придружи DJ Kikec, нов DJ на скопската сцена кој својот деби настап го направи на претходната журка на OVC во „Минус еден“.
За оваа журка, OVC соработува со уште два музички колективи. Во сабота ќе настапуваат и Augmented од колективот HARM Series и Lethal M од колективите Vehemence и Noisia96. Lethal M, познат по неговиот немилосрден стил, ќе нé транспортира на европската hard techno сцена, повикувајќи се на неговото искуство во клубовите во Кипар, Русија, Франција, Германија и Македонија.
Очекуваме незаборавна вечер за почетокот на летната сезона.
Картите се во продажба во ограничен број. Можете да ги најдете во кафулето Shortbus. Во претпродажба ќе чинат 200 денари, а на влез ќе чинат 300 денари.