PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Отворена изложбата „19“ од Христина Зафировска во Прилеп

popup by popup
јули 19, 2021
in Настани
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Целиот серијал од 19 епизоди кои се тесно поврзани меѓу себе го интерпретира биолошкиот кружен строеж на вирусот, неговото создавање, виреење, проширување и пренесување.

– Креативните дела од овој циклус се изработени во акрилна техника – мал формат, симболизирајќи ја микроскопската големина на вирусот, кои се надополнети со мали парчиња кои се пробиваат низ површината… Во секое дело применет е широк опсег на форми со кои авторката ги паралелизира варијациите на микросветот, а таквиот начин на изразување може да се види и во многу претходни нејзини циклуси и изложби… Концептот на делата е осмислен и наративен, а просторот рационално искористен. Тоа е постигнато преку взаемна синтеза на топли и ахроматски бои, конкретно компониран цртеж, со што доаѓа до израз графичкиот импулс на уметникот.Преку бојата, формата и начинот за визуелно претставување на делата го следиме уметничкиот стил на Зафировска, кој што заслужено можеда се категоризира како дел од модерната апстрактна уметност – вели м-р Билјана Галоска.

Христина Зафировска работи во полето на сликарството, графичкиот дизајн, мозаикот, ѕидното сликарство, инсталацијата, сценографијата, цртежот, фотографијата и видеото. Активно учествува на локални и регионални проекти, погранични соработки од областа на културата. Дел е од многубројни проекти, саеми на уметност, симпозиуми, фестивали, работилници, групни претставувања на Балканот, низ Европа и пошироко.

Previous Post

Лалука: Славниот дом на финската уметност

Next Post

cinEdays 2021: Златна ѕвезда за „Улиште“ на Блерта Башоли

Next Post

cinEdays 2021: Златна ѕвезда за „Улиште“ на Блерта Башоли

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum