PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Нино Делиниколов: Почнува фестивалот Reworks во Солун

popup by popup
септември 14, 2018
in Музика
0
400
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Доколку се прашувате што можете да правите кон крајот на месец септември, освен што ќе го испраќате летото, на двесте километри јужно од нас, секоја година, веќе 14-та по ред, се одржува еден од најдобрите фестивали за електронска музика Reworks. Овој фестивал во траење од 4 дена го трансформира градот Солун во престолнина на светската електронска музичка сцена и привлекува љубители на музиката и уметноста од целиот свет. Концептот на овој аудиовизуелен фестивал се распоредува на повеќе нивоа, со што му дава една посебна нота како еден од најактуелните настани во септември. Годинава неофицијалното отворање Reworks ќе го има на 16 септември кога ќе започне со работа форум/панел концептот наречен Agora, кој има за цел да покани видни претставници и креативци од многу сфери на општеството, односно од полето на економијата, уметноста, технологијата и сл. Agora ги влече корените од античко време, каде што значењето на овој збор претставува место на кое се собирале видни претставници од  сите сфери на општеството и дискутирале за напредни идеи и сфаќања, давајќи идни насоки за самото општество.


Самиот настан и програма оваа година се дел од европската платформа „We Are Europe“ и се колаборација помеѓу веќе добропознатите форуми какви што се Sonar + D (Barcelona), C / O Pop (Cologne) and Today’s Art (The Hague). Крајот на овој настан ќе се одбележи во солунската филхармониска сала со настап на „Grandbrothers“, германско дуо што настапува на пијано и на импровизирани инструменти.
Структурата на фестивалот Reworks е да биде раширен на повеќе места во градот Солун, со што му дава на еден начин живост на самиот град, а и секако на гостите на овој фестивал им овозможува да го разгледаат градот движејќи се низ него од настан на настан. Па така, за љубителите на електронската музика, почетокот на Reworks официјално се случува на 20 септември, во локалот „Ypsilon“, кој претставува вид галерија за аудиовизуелни настани. Во овој ден посетителите ќе имаат можност да се загреат и да се подготват за фестивалското доживување преку настапите на
Pale Penguin & Larry SKG, Territroy, Kuniyuki,  Sworr, Echo Canyon, Charlotte Bendiks, Scot Dech & Unickue.

Во продолжение на фестивалската програма, 21 септември ги нуди настапите на Richie Hawtin, Maceo Plex, Redshape, Recondite, Tijana T, Guy Andrews, Bjarki, Alinka, Kerala Dust и ред други актуелни артисти од светската електронска сцена. Структурата на самиот фестивал се базира на поделени стејџови, какви што се Reworks Warehouse, Reworks Factory, Reworks Lab, Reworks Cu Club, Reworks Air Stage, нудејќи им на посетителите разновидна музика, која непрекинато трае до раните утрински часови во индустрискиот комплекс наречен FIX.

22 септември или третиот фестивалски ден, исто така нуди доста разновидна програма, имајќи предвид  дека можете да ги погледнете  Laurent Garnier, Nina Kraviz, KiNK, Agoria, Blond:Ish, Francois X, и секако една од ултраретките можности да ги слушнете на едно место сите членови на Body & Soul (Francois Kevorkian, Joe Claussell, Danny Krivit).

Последниот збор и секако најбитен детаљ од фестивалот, го има rooftop журката на „MET HOTEL“, што верувам дека на многу љубители и посетители на Reworks, им е веќе добро позната. Уживајќи во незаборавното заоѓање на сонцето, го испраќаме 14-тото издание на фестивалот, придружено со музика од Matthew Herbert и Michael Mayer, како и од тајниот гостин што ќе настапи на крајот од вечерта.


Нино Делиниколов

Previous Post

Poetic AI: Може ли компјутерот да биде уметник?

Next Post

Ин Ситу – ширење на уметничкиот простор

Next Post

Ин Ситу - ширење на уметничкиот простор

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum