PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Не пропуштајте: Јасна Жмак со перформанс на фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКO

PopUp by PopUp
септември 26, 2023
in Уметност, Настани
0
Не пропуштајте: Јасна Жмак со перформанс на фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКO
401
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

На 26 септември (вторник) со почеток во 20 часот, Јасна Жмак ќе настапи со својот авторски проект “this is my truth tell me yours” на Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје, како дел од програмата на фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО. Влезот за перформансот “this is my truth tell me yours” е слободен.

“this is my truth tell me yours” е авторски проект на пистелката и драматург Јасна Жмак во кој таа се занимава со својот однос со уметничкото поле на делување, преиспитувајќи ги своите и авторските позиции на другите, како и одговорностите и анксиозностите кои тие позиции ги имплицираат.

Тргнувајќи од своето лично искуство од 2011 година, кога почнува да страда од тинитус и хиперакузија откако, како дел од публиката, е повикана да пука со театарски пиштол за време на перформансот “MandićMašina” во режија на Бојан Јаблановец и изведба на познатиот словенечки актер и изведувач Марко Мандиќ, Жмак во оваа ЖмакМашина, ги истражува начините на кои уметноста ја обликува стварноста во која живееме. Иако навидум неповрзани, темите тинитус и патријархат стануваат централен мотив на ова дело кое жанровски балансира на пресекот помеѓу стенд-ап комедија и перформанс-предавање.

За прв пат појавувајќи се на сцената во улога на изведувачка, Жмак се занимава со прашањата на вистинитоста и репрезентацијата, партиципативноста и одговорноста, водејќи нѐ низ своите драматуршки и сексуални искуства и при тоа прашувајќи се себеси и публиката за важноста и смислата на уметничкото творештво во ерата на дивиот капитализам.

По перформасот следува Q&A со авторката и изведувачката Јасна Жмак и забава со DJ сет на Виолета Качакова.

Фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО е поддржан од: Embassy of Sweden, The Kvinna till Kvinna Foundation, Equality Fund, Зигрид Раусинг Траст и Министерство за култура.

Previous Post

Галерија „Пионери“: Годишен омаж на енергичната визуелна уметничка сцена во Македонија

Next Post

„Градот како сцена“ – Отворен повик за учество на интердисциплинарна платформа

Next Post
„Градот како сцена“ – Отворен повик за учество на интердисциплинарна платформа

„Градот како сцена“ - Отворен повик за учество на интердисциплинарна платформа

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum