Денеска, светот го обиколи веста дека британската јавност го прогласила Дејвид Боуви за најдобар изведувач на изминатиот век. Навистина не почувствувавме потреба да правиме рекапитулар на грандиозната кариера на кралот на реинвенцијата и експериментирањето со музичките стилови, на Aladdin Sane, Ziggy Stardust, Тhe Тhin White Duke… Доволно е да повториме дека има продадено над 140 милиони албуми, дека неговите плочи во Кралството и САД достигнаа платински статуси, дека „Берлинската трилогија“ ги промени светските музички текови, дека го паметиме и како Кралот на гоблините, и како Никола Тесла, но најмногу како Човекот што падна на Земјата. Со неколку зборови, живот и кариера до кои се допреле и во кои влегле многу негови современици и културни икони. Преку фотографиите подолу, се враќаме во бурниот 20-ти век што на музички план го обележа токму тој, Дејвид Боуви…

















