Од 25 до 27 јануари, во Кино Култура ќе се одржи новото издание на уметничкиот фестивал „Арт Ареа – Културна артерија на градот“. На програмата се предвидени голем број интересни културни настани, саем на книга, изложби, промоции, концерти… Партнери на фестивалот се Кино Култура и МакеДокс, а покровител е Град Скопје. Вака изгледа распоредот на настаните што ќе можеме да ги проследиме на Арт Ареа:
Петок, 25 јануари
19:00 – Отворање на саемот на книгата и на изложбите: Наталија Лукомска – „Состојби“ (илустрации) Диме Данов – „Копнеж по Јурате“ (фотографии)
20:30 – Книжевни муабети: „(Бес)конечни модели на расказот“ – Сања Михајловиќ-Костадиновска (Бегемот, Наше маало, 2018); промотор: И. Шопов
22:00 – Џез ѓурултија (Трио: Гордан Спасовски, Славчо Коцев, Бојан Петков)
Сабота, 26 јануари
19:00 – МакеДокс прикажува: „Dangerous Acts Starring the Unstable Elements of Belarus“ (2013)
20:30 – Книжевни муабети: „Пливање спротиводно“ – Ненад Јолдески (Или-Или, ПРОаЗА, 2018); промотор: А. Јованчевски
22:00 – Астал да блиста, бејбе! (Општонародна веселба по повод монографското издание „Астални проекции“ со ВИС Тркалезна маса)
Недела, 27 јануари
19:00 – Вардар Филм омнибус: Ретро трип низ македонската документаристика
20:30 – Книжевни муабети: „Урбани легенди“ – Васко Марковски (Бегемот, Плочка, 2018); промотори: И. Шопов, А. Јуруковска
22:00 – Капак на сѐ: концерт на Летечки Пекинезери