„Налепница“ ги освои наградите за најдобар филм, најдобра режија, најдобро сценарио (Георги М. Унковски), најдобар актер (Сашко Коцев), најдобра монтажа (Мартин Иванов), како и наградата од публиката.
Претходно, филмот влезе во официјалната програма на Sundance и Palm Springs International ShortFest 2020, а ја доби и наградата за најдобар краток филм на овогодинешниот Brooklyn Film Festival.
Се работи за црна комедија во која главниот лик по неуспешниот обид да ја обнови својата сообраќајна дозвола, тргнува на пат и запаѓа во серија бирократски проблеми.
„Налепница“ се снимаше шест дена на повеќе локации низ Скопје. Главната улога ја игра Сашко Коцев, а покрај него се појавуваат и: Мони Дамевски, Џевдет Јашари, Љупчо Тодоровски-Упа, Соња Стамболџиоска, Димитрија Доксевски, Калина Димитриовска, Анастасија Аневска и Матеј Настевски.
Кинематографер е Наум Доксевски, сценографијата е на Кирил Спасевски, костимите на Роза Трајческа, додека на маската и шминката на главниот лик работеле Снежана Ангеловска и Ирена Сенокозолиоска. Монтажата е на Мартин Иванов, а дизајнот на звук е на Сашко Потер Мицевски.