Филмот доживува успешна рецепција со влегувањето во селекцијата на голем број светски филмски фестивали, иако неговото претставување во голем дел е одложено или закажано поради моменталната ситуација со Ковид-19. Последниот голем успех на тој план, покрај изборот за официјалната програма на Sundance, e влезот во официјалната селекција на Palm Springs International ShortFest 2020. Со тоа „Налепница“ се вбројува во редот успешни македонски филмски остварувања што успеаја да си обезбедат пат на најпрестижните светски филмски фестивали.
Главната улога во „Налепница“ ја игра Сашко Коцев, а покрај него настапуваат Мони Дамевски, Џевдет Јашари, Љупчо Тодоровски – Упа, Соња Стамболџиоска, Димитрија Доксевски, Калина Димитриовска, Анастасија Аневска и Матеј Настевки. Директор на фотографија е Наум Доксевски, сценографијата е на Кирил Спасевски, за костимите се погрижи Розa Трајческа, додека за маската и шминката на главниот лик беа одговорни Снежана Ангеловска и Ирена Сенокозолиоска. Монтажата е на Мартин Иванов, а дизајнот на звук е на Сашко Потер Мицевски. Продуцент е Иван Унковски, a извршни продуценти се Марија Димитрова и Горан Ацевски.