PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Најскапите уметници на нашето време

popup by popup
март 11, 2020
in Уметност
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Денес сме сведоци на успех на уметници чии дела постигнуваат астрономски суми во времето додека живеат и творат, но и на сè поголем  јаз помеѓу нив и сите други уметници за кои овој пазар е недостапен.
Додека „мали“ галерии кои на саеми на уметност промовираат различни артисти со континуирана кариера едвај опстојуваат, неколку водечки галерии, аукциски куќи и богати колекционери ја создаваат големата слика и цената на уметноста во светот.
Документарецот „The Price of Everything од Nathaniel Kahn“ ја тематизира токму улогата на парите односно како инвестирањето во уметноста ја смени нејзината вредност.

Успехот на еден уметник е детерминиран уште со започнување на школувањето. Осумдесет проценти од уметниците во светот што живеат од продавање на своите дела, доаѓаат од највлијателните уметнички школи, каде што школувањето чини околу 40 илјади долари годишно. Оттаму стануваат дел од бизнисот на познати галерии, а ако еден уметник е презентиран од престижни галерии, автоматски добива на слава и цена.
Причината зошто некои уметнички дела се продаваат за милиони долари е затоа што светот на уметноста се договара да бидат вредни милион долари. Успешен уметник е оној за кого бизнисот ќе одлучи да биде успешен. Сите колекционери се водат од исти референции што ги креира маркетингот, што мисли влијателен куратор за одреден уметник, во кои големи музеи е изложен, кои други колекционери го купуваат или го поседуваат.
Листата на најскапи уметнички дела продадени на аукција или приватно е прогресивна. Највисока позната цена за уметничко дело од жив уметник изнесува 110 милиони долари, за уметничката слика Flag од Американецот Jasper Johns, создадена во 1958, а продадена приватно во 2010 година.

Во моментот најскапо продадено уметничко дело на аукција е скулптура од челик, Rabbit, што во 1986 година ја создал американскиот уметник Jeff Koons, која во 2019 достигна цена од 91,1 милиони долари.

Само неколку месеци пред него, рекордот го држеше уметничката слика Portrait of an Artist (Pool with Two Figures), акрил на платно создадена во 1972 година, во поп-арт стил на британскиот уметник David Hockney, продадена за 90,3 милиони долари.

За Abstraktes Bild (599), масло на платно од 1986 година на Германецот Gerhard Richter, аукциската куќа „Sotheby’s“ во 2015 година постигна цена од 46,3 милиони долари.

Најмлад на оваа листа е контроверзниот британски уметник Damien Hirst, чија инсталација Lullaby Spring создадена во 2002 година е продадена на аукција за 19,3 милиони долари во 2007 година.

 
Анна
 
 

Previous Post

Како си поминавме на „Овде e Добро“ (галерија)

Next Post

3 серии и 2 книги за по дома

Next Post

3 серии и 2 книги за по дома

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum