PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Најлудите филмски преобразби на Џони Деп

popup by popup
април 20, 2018
in Филм
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Сме го виделе со коса слична на онаа на кловнот Бозо, со пиратски суканици, со вампирско лице, со неонски очи, со ножици наместо раце… Понекогаш ќе се запрашате кој од филмските ликови е најблизок до неговиот секојдневен изглед. Веројатно никој. Или можеби, секој по малку.

Неговата имагинација во креирањето на ликовите нема граници. Џони Деп активно работи со мејкап-артистите и со протетичарите во изградбата на физичкиот профил на неговите ликови. Можеби во тоа се крие и нивниот успех. Секој лик што го игра Џони Деп има изразена индивидуалност и целосно разработена физичка и психичка посебност. Не е тајна дека изгледот на своите ликови често го базира на имиџот на познати личности, верувале или не, од Ана Винтур до Кит Ричардс.

Бенџамин Баркер / Свини Тод
(Sweeney Todd)

Режисерот Тим Бартон вели дека ликот на Свини Тод отсекогаш го гледал пред сè како тажен, а не како трагичен негативец. Тој, всушност, е жив мртовец. Деп, пак, вели дека во споредба со Свини Тод, Сид Вишс изгледа како невин разнесувач на весници. Според него, Свини Тод е и повеќе од мрачен бидејќи е веќе мртов со години. Инаку, за да се потенцира неговиот умор и бес, користени се тешка пурпурна и кафена шминка околу неговите очи што имплицира вечна ненаспаност. Перчето сива коса го претставува неговиот бес од шокот што го доживува во моментот кога ќе биде осуден на прогонство.

Лудиот шапкар
(Alice in Wonderland)

Пети Јорк и Вали О’Рајли, кои добија Оскар за најдобра шминка, го создале ликот на Лудиот шапкар во соработка со Џони Деп. О’Рајли ги искористил скиците што ги направил според лицето на Деп многу години пред филмот, користејќи ги неговите фацијални црти за да дојде до идеи за соодветните бои. Неговиот лик страда од труење со жива. Пети Јорк вели дека на едното око користела лаванда-боја и пурпурни нијанси, а на другата користела тиркизна, светлосина и темносина, со мали зелени нијанси. Користела и бел и кафен крејон како и бели трепки, црвена и розова боја под едното око, и малку црна под другото – за да бидат различни. Сè на сè, на двете очи на Лудиот шапкар има десет различни бои.

Едвард со рацете ножици
(Edward Scissorhands)

Во овој филм, ликот на Џони Деп има ножици наместо раце, што секако му го усложнува животот. Измачениот лик на Деп умешно маневрира со рацете ножици и прави уметност кастрејќи живи огради и сечејќи лед. Потребни биле речиси два часа пред секоја клапа за да му ја наместат протетиката и да му ја дотераат шминката за да изгледа како Едвард со рацете ножици.

Вили Вонка
(Charlie and the Chocolate Factory)

Режисерот Тим Бартон и Деп го базирале изгледот на Вили Вонка врз изгледот на водителите од популарните детски емисии од нивното детство. Впечатокот што го има Бартон за нив е бизарен, мора да признаеме. Деп, пак, го изградил ликот со претераната боб-фризура и очилата, врз основа на имиџот на Ана Винтур, познатата уредничка на списанието „Вог“. Сосема спротивно на повеќето претпоставки дека ликот е базиран на Мајкл Џексон. На почетокот, Деп барал да му биде вграден долг протетички нос, но Бартон ја отфрлил ваквата идеја.

Барнабас Колинс
(Dark Shadows)

Деп игра 200-годишен вампир во оваа готичка хорор-комедија, па сосема очекувано има изразени шишки, големи уши и остри песјаци. Мејкап-артистот Џоел Харлоу го „украсил“ Деп со шилести уши, протетички нос и бледа кожа. Важни се и екстензиите на прстите, бидејќи режисерот Бартон сметал дека ликот на Барнабас треба да е многу тактилен.

Капетанот Џек Спероу
(Pirates of the Caribbean)

Улогата на капетанот Џек Спероу му донесе номинација за Оскар. Се разбира, влијанието на изгледот во оформувањето на оваа улога е огромна. Деп делумно го базирал ликот на имиџот на Кит Ричардс, познатиот гитарист од групата Ролинг Стоунс. Во филмот, Деп носи суканици завиткани во пиратска марама и има силно оцртани очи, детаљ што произлегува од изучувањето на животот на номадите што актерот го додал сам.

Тонто
(The Lone Ranger)

Во овој филм повторно изненадува со целосната трансформација во ликот на Тонто, припадник на американскиот домороден народ Команчи, во поход да го најде виновникот за масакрот врз своето племе. За улогата на Тонто, Џони има црна и бела боја на лицето и препариран гавран на главата што многу потсетува на сликата „Am Crow“ од Кирби Сетлер. Овој филм беше номиниран за најдобра шминка на Оскарите во 2014 година.

Џејмс Вајти Балгер
(Black Mass)

За оваа гангстерска преобразба до непрепознатливост, горната половина од лицето на Деп била прекриена со протетика, во која бил внесен секој фоликул од ретката коса на ликот и неговите веѓи. За да се направи тоа, потребни биле 22 часа. Актерот носел и контактни леќи што ги претвориле неговите кафени очи во светлосини, како и еден лажен заб. Џони Деп вели дека неговата намера не била да создаде злобен лик. Тој му се доближил на ликот на Балгер како на човечко суштество со многу лица. Според него, Балгер сепак имал човечка страна што била способна да сака.

Tags: филм
Previous Post

Дали паметните телефони нè претвораат во несреќни луѓе?

Next Post

Drip Coffee: Местото каде што вие молчите, а кафето зборува

Next Post

Drip Coffee: Местото каде што вие молчите, а кафето зборува

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum