Човештвото се запознало со уметноста на произведување пиво речиси 9.500 години пред нашата ера и сè уште не престанало да му се воодушевува и поклонува. Напротив, луѓето низ целиот свет го доживуваат како одличен повод да организираат величествени настани кои со текот на времето прераснале во симболи на нивните градови и земји. Еве некои од нив:
Фестивал на пивото во Монтреал
Фестивалот на пивото во Монтреал кој на локалното население му е познат како Mondial de la bière, се одржува еднаш годишно во Place Bonaventure и вклучува над 637 пива од околу 200 различни пиварници од целиот свет. Дел од фестивалот се и инструкторите од школата за пиво во Монтреал кои нудат работилници за мирис и вкус на пиво, како и часови за зголемување на општата култура околу пивото и уметноста на неговото создавање и конзумирање.
„Големиот американски фестивал на пивото“
Најзначајниот фестивал на пивото во САД, „Големиот американски фестивал на пивото“ е тридневен рај на љубителите на пиво што се одржува секоја година во Националниот конгресен центар во Колорадо во Денвер. Секоја година го посетуваат над 50.000 посетители на пиво. Посетителите од сите делови на светот можат да дегустираат над 2.000 различни американски крафт пива и 1300 странски пива од над 500 различни пиварници кои се претставени на овој настан. На фестивалот се одржува и натпревар, со над 100 судии за пиво кои доделуваат златен, сребрен и бронзен медал во 83 различни категории пиво.
Големиот британски фестивал на пивото
Големиот британски фестивал е основан во 1977 година. Настанот нуди широк избор од над 650 пива не само од Велика Британија, туку и од пиварници кои се наоѓаат во Соединетите Држави, Белгија и Германија.
Белгискиот викенд на пивото
Белгија произведува одлично пиво па така фактот дека токму таму се случува овој фантастичен настан воопшто не зачудува. Големи и мали пиварници од целата земја доаѓаат во Брисел за да го покажат својот уникатен придонес во производството на пиво во земјата. Најдобро од сè, настанот се одржува во Ла Гранд-Плас, светско наследство на УНЕСКО, со пријатен амбиент и раскошна готска позадина.
Октоберфест
Несомнено најголемиот и најпознатиот од сите фестивали на пивото e Октоберфест. Се одржува секоја година во Минхен, Германија и привлекува над шест милиони луѓе од сите краеви на светот кои сакаат да уживаат во пивото и во големиот број свечени активности што се придружен дел на масовното славење. Единственото пиво што е достапно на Октоберфест доаѓа директно од пиварниците во рамките на градот Минхен. Фестивалот вообичаено трае од крајот на септември до првиот викенд во октомври.
Kitchener Waterloo Oktoberfest
Најголемиот Октоберфест надвор од Минхен се одржува во канадските здружени градови Кичинер Ватерло, на само 90 минути возење од Торонто. Градовите се дом на една од најбројните малцински групи германски потомци во Северна Америка (Киченер некогаш бил официјално именуван како Берлин сè додека не се сменило името за време на Првата светска војна).
Cannstatter Volksfest
Cannstatter Volksfest е вториот по големина фестивал на пивото во светот веднаш по Октоберфест. Се работи за тринеделен саем што се одржува во Cannstatter Wasen во Штутгарт, Германија и привлекува приближно 4,2 милиони жедни посетители секоја година. Познат е по своите седум големи шатори за пиво кои собираат скоро 5.000 луѓе.