PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

#MeToo #СегаКажувам! Што потоа?

popup by popup
март 22, 2018
in Universes
0
401
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Движењето кое зеде силен замав во октомври 2017 година, преку моќниот хаштаг #MeToo на површина изнесе бројни премолчани случаи на сексуално вознемирување и злоупотреба на работното место.

Огромно внимание предизвикаа обвинувањата за сексуална злоупотреба од 80 жени на адреса на холивудскиот могул Харви Вајнстин, кој поради тоа дури беше отпуштен од својата компанија и разрешен од американската Академија за филмски науки и уметности. Ваквите обвинувања, сега познати и како „Weinstein effect“ поттикнаа цела низа шокантни откритија за сексуално вознемирување и злоупотреба од страна на познати и славни имиња низ целиот свет. Потресни лични приказни буквално можеа да се прочитаат и по неколкупати во денот. Многу од нив беа проследени со светско внимание бидејќи беа интимни стории на познати личности што за првпат проговорија за ваквите трауматични искуства во кариерата, меѓу кои најзабележани беа оние на Гвинет Палтроу, Ешли Џад, Џенифер Лоренс и Ума Турман.

Терминот MeToo потекнува од активистката Тарана Бурк. Првичната цел на фразата била да им се влее храброст на младите и ранливи жени преку емпатија. Во октомври 2017, актерката Алиса Милано, на Твитер ја поттикна употребата на #metoo за да се открие вистинската големина на проблемот со сексуално вознемирување и злоупотреба.

Ефектот на #МеТоо

На политички план, #МеToo се труди да ја промени постојната законска регулатива за ова прашање и да изврши политичко влијание. Една од водачките на движењето повика да се земаат отпечатоци и да се истражува минатото на сите професионалци кои работат со деца, уште пред да стапат во работен однос.  Исто така, #MeToo се залага и за сексуално образование кое ќе ги обучи децата веднаш да го пријават секој обид за сексуално предаторство. Движењето го поддржува и законскиот предлог поднесен до американскиот Конгрес, според кој ќе се забрани т.н „cooling off“ период  што налага дека треба да поминат месеци пред да им биде дозволено на вработените во федералната влада да поднесат тужба против конгресмен за недолично однесување.

#МеТоо засекогаш го менува и бизнисот. После #МеТоо, компаниите, управните одбори и лидерите треба да бидат пофокусирани на HR-делот и компаниската култура. Движењето треба да го олесни анонимното пријавување на злоупотреба и дискриминација директно до водечкиот тим на компанијата, без грижа околу можните последици. Освен тоа, сè почесто се поставуваат прашањата за правилниот третман на вработените во компанијата и корпорациската одговорност.

Ова движење создаде поволна клима за притисок дури и врз луѓето кои стојат на највисоките позиции во компаниите, како и нула-толеранција за дискриминацијата и вознемирувањето на работното место. Многу компании ги преиспитуваат своите суштински вредности и воведуваат нови стандарди во форма на „вклучување на светлото“, како метафора за транспарентно изнесување на скриените информации и преземањето одговорност за неправилното однесување.

По #MeToo, темелно се работи на хуманите ресурси, инклузијата и силната компаниска култура. Во САД веќе е прифатено размислувањето дека иднината на бизнисите во сите форми и големини ќе биде светла ако се прифати транспарентноста, отвореноста, и ако постои меѓусебно почитување внатре и надвор од работната средина. И да, ако се поставуваат тешки прашања. Многу тешки прашања.

#СегаКажувам – македонскиот пандан на #МеТоо

Поттикнати од глобалниот бран што го предизвика #МеТоо и ставањето акцент врз жртвите на сексуалното вознемирување и злоупотреба, неколку независни македонски активистки ја иницираа кампањата #СегаКажувам #ТaniTregoj, во која ги повикаа сите оние кои имаат своја или блиска приказна за сексуална злоупотреба, малтретирање или принуда од позиција на моќ, да ја споделат на социјалните мрежи под соодветниот хаштаг.

#СегаКажувам #ТaniTregoj доби забележителен одѕив од жени кои ги споделија своите искуства со сексуално вознемирување и дискриминација на училиште, на факултет, во јавни установи, на работа, и за возврат примија охрабрувачки пораки од јавноста. Дел од нив беа пресретнати со неизбежниот шовинистички, стереотипен подбив што социјалните медиуми сами по себе го нудат во изобилство.

За жал, резултатот на оваа кампања може да се гледа единствено во правец на подигнување на свеста за сексуалното вознемирување и злоупотреба, како мал исчекор напред кон постигнување темелни промени на ова поле. Многумина се запрашаа зошто се кријат имињата на сторителите, а организаторите на кампањата одговорија дека „целта на #СегаКажувам #TaniTegoj не е да се спроведе казна или одмазда на поединечни престапници, туку да се стави во фокус и да се де-нормализира насилството и микроагресиите што се вршат врз жените и девојчињата, како и да се предизвика културата што имплицитно и суптилно го негува и наградува тоа ‘фраерско’ токсично машко однесување.”

Tags: активизам
Previous Post

Пет еко-градови од светот

Next Post

Технологијата и човечкото во нас

Next Post

Технологијата и човечкото во нас

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum