Замислете, апсолутно сите си поминале убаво на фестивалот. Бендовите уживале во своите настапи пред толкава публика. Посетителите уживале во големата, отворена заедница во која сексот и дрогата слободно циркулирале, а сепак никој не западнал во неволја. Тоа било Летото на љубовта. Вкупно три дена апсолутно задоволство, 33 изведувачи (меѓу кои и Jimi Hendrix, The Who, The Band, Janis Joplin, Johnny Winter, Creedence Clearwater Revival, Jefferson Airplane, Ten Years After, Joan Baez, Santana, Joe Cocker) и само две сцени со нон-стоп забава и без спиење (се разбира, само организаторите не уживале во Вудсток). Се навраќаме на лицата од легендарниот фестивал, со надеж дека желбата за слобода, љубов и бесконечна забава сè yште постои.