Во саботата бевме во Баду Бар, на промоцијата на вториот албум на LD Pistolero под наслов „Далеку“. Како што ќе можете да забележите од фотографиите во галеријата подолу, интересот за новото издание на LD Pistolero беше огромен. Неговите почитувачи чекаа во редици за да го поздрават и да добијат автограм. PopUp разговараше со LD Pistolero непросредно пред промоцијата на „Далеку“ и притоа тој рече дека се работи за албум кој е „продукциски мастерпис, лирички прецизен, интересен, доста искрен и многу носталгичен“. Целото интервју можете да го прочитате тука.